Фондација Прогресив Академија Виница го зајакнува младинскиот капацитет преку кариерно советување и обуки за претприемништво

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Фондација Прогресив Академија, во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, успешно спроведе серија индивидуални сесии за кариерно советување, наменети за млади лица. Овие сесии имаат за цел да ги насочат и поддржат младите луѓе да носат кариерни одлуки, а на сите учесници им беа доделени сертификати.

„Дефинитивно ќе ги паметам сите совети што ги добив, ќе ги раскажувам и ќе препорачувам кариерно советување. Никогаш нема да биде само еден момент во кој ќе одлучиме што сакаме да бидеме. Тоа е пат кој има свои составни делови, свои скали. Така што не пропуштајте ниту едно скалило, ниту една можност која би ви помогнала да дојдете до таа одлука“, истакна Ана Арсова една од учесничките на сесиите за кариерно советување.

Кариерното советување претставува важен чекор за секој млад човек, бидејќи им помага да ги идентификуваат своите таленти, интереси и кариерни можности. Во време кога младите се соочуваат со бројни избори и очекувања, кариерното советување овозможува нивно правилно насочување, со цел да се донесат информирани одлуки кои ќе водат до личен и професионален успех.

„Преку ваков вид на менторство, младите се поттикнати да ја истражуваат својата автентичност и да ги развиваат и професионалните и личните вредности“, истакна Ивана Темелковска, кариерен советник.

Во следниот период Прогресив Академија организира бесплатна обука за идни претприемачи на возраст од 16 до 29 години, кои доаѓаат од источниот регион на Северна Македонија. Оваа обука е одлична можност за младите да ги развијат своите претприемачки вештини и да ги трансформираат своите идеи во успешни бизниси. Сите заинтересирани, можат да се пријават на следниот линк, најдоцна до 12. октомври: Бесплатна обука за започнување на бизнис

Покрај обуката, најдобрите осум учесници ќе добијат ексклузивна можност за индивидуално менторство со искусни експерти. Заедно со менторите, учесниците ќе имаат шанса да креираат иновативни и структуирани бизнис планови кои ќе ги подготват за понатамошен успех во светот на претприемништвото.

Сесиите за кариерно советување и обуките кои следуваат се дел од иницијативата „Градење отпорни младински заедници за посветла иднина“, која се реализира како дел од Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности. Иницијативата обезбедува обуки и практикантски програми, кариерно советување и менторство за стартапи, истовремено поддржувајќи родова еднаквост и зелена економија, а со цел да ги поддржи младите да ги развијат своите вештини и да го остварат својот целосен потенцијал.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Демант од МВР : На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите и на социјалните мрежи дека наводно полицијата вчера (16.08.2025) не дозволила влез на граѓани во Кочани, кои сакале да учествуваат на протестот „Маршот на ангелите”. Напротив, ниту еден граѓанин не беше спречен да влезе во Кочани. Со цел остварување на своите законски надлежности,

Осумнаесетти марш на ангелите – „Aко нема правда ќе поставиме шатори пред Судот и Полицијата!“

Правда мора да има, ако не ќе поставиме шатори пред Судот и Полицијата и нема да дозволиме никој да влегува. Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства нема да има за никој. Ова го порача подржувач на луѓето чии деца загинаа кобната ноќ, на 16 март, во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој,

TECHNICAL TEXTILES – Вработува на повеќе работни позиции, нуди одлични бонуси и регреси…

Поради проширување на капацитетите, компанијата Техникал Текстајлс ДООЕЛ, лоцирана во Технолошко Развојната Индустриска Зона – Штип, објавува оглас за вработување на повеќе работни позиции: 🔹 Ткајачи🔹 Работници во завршно одделение🔹 Работници во сновање🔹 Виљушкаристи🔹 Работници за одржување 📍 Работата се одвива во три смени. ✅ Нудиме: Редовна исплата на плата Топол оброк обезбеден од компанијата