Каратистот Филип Стојанов отпатува на СП во Италија

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Филип Стојанов, член на КК „Партизан“ од Кочани како дел од Репрезентацијата на Македонија  вчера отпатува за Венеција, Италија, каде од 9 до 13 октомври ќе се одржи Светското првенство во карате за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година.

Стојанов во Венеција ќе настапи во конкуренција на јуниори во кумите (борби) во категоријата +76 килограми.

На ова Светско првенство организаторите најавуваат учество на над илјада каратисти од сите држави во светот.

Според распоредот на мечевите, каратистот на кочански „Партизан“, Филип Стојанов,  во Венеција, на Светското првенство во карате, првата борба ќе ја има во четврток, на 10 октомври.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

До 11 часот во Кочани излезеноста изнесува 9, 91 %, споредено со Парламентарните избори лани, гласале 1585 избирачи помалку

До 11 часот на Локалните избори што се одржуваат денеска, во Општина Кочани своето избирачко право го искористиле 3215 граѓани од вкупно запишаните во Избирачкиотсписок 32 446 . Односно излезеноста изнесува 9, 91 %. Податоците се добиени од Општинската изборна комисија. Доколку овие Локални се споредат со Парламентарните избори што се одржаа минатата година, што

Во Кочани гласале 131 болни и немоќни лица од пријавени 135

Во пресрет на првиот круг од Локалните избори што ќе се одржат утре, недела, своето право на глас, денска го остварија болни и немоќни лица. Според податоците од Општинската изборна комисија во Кочани, вкупно 135 болни и изнемоштени лица претходно беа пријавени за гласање од дома. Од нив, 131 лице го искористи своето избирачко право,

Во Кочани тече гласањето на болните и изнемоштените пред неделните избори

Во пресрет на првиот круг од Локалните избори што ќе се одржат утре, недела, денеска своето право на глас го остваруваат болните и немоќни лица, како и граѓаните кои се наоѓаат во притвор или издржуваат затворска казна. Според податоците од Општинската изборна комисија во Кочани, денеска гласаат 135 болни и изнемоштени лица, кои претходно се