Книгата „Македонци“ од Бранислав Светозаревиќ промовирана во десет градови во Германија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По повод светскиот месец на книгата (октомври), во организација на македонските културни здруженија „11 октомври“ од Солинген и „Македонско сонце“ од Дизелдорф, денеска се одржа промоција на книгата од д-р Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Македонци – милениумски сведоштва за македонското име“ во Македонскиот културен центар „Македонско сонце“ во Дизелдорф.

Оваа година здружението „11 октомври“ од Солинген прославува 35-годишен јубилеј и настанот е покриен со богата културно-уметничка програма и настап на македонските естрадни уметници Татијана Стефановска и Миле Кузмановски дополнето со сплет на македонски ора во изведба на фолклорните друштва „Македонија“ од Уна и „Македонско сонце“ од Дизелдорф.

Целoвечерниот концерт на македонските уметници има хуманитарен карактер и средствата се донираат на хуманитарната организација „Св.Спас“ од Драчево во помош на нивните проекти и на лицата на кои таа им е најпотребна.

Честитајќи го јубилејот на домаќините, авторот Светозаревиќ-Покорни одржа одлично предавање пред присутните изнесувајќи бројни факти за македонското милениумско постоење и цитираше бројни светски имиња кои пишувале за Македонија, македонскиот народ и македонските обичаи.

Книгата на д-р Светозаревиќ-Покорни „Македонци – милениумски сведоштва за македонското име“ и понатаму доживува невидена популарност во Македонија и во иселеништвото во време кога македонскиот идентитет и јазичен простор доживува кулминација во негово негирање од соседите на Македонија во обид да се избрише трагата за постоење на Македонците.

Носечки цитат на неговото дело е фрагментот од италијанскиот историчар и писател Џорџо Нуриџани кој во својата книга за Македонија издадена во 1933 година во Рим вели:

„Сите завојувачи на Македонија, од Хелените и Римјаните, до варварите во текот на нивните преселби и  Турците – сите се обиделе да ја избришат македонската свест, наметнувајќи ѝ на земјата административни имиња, и тоа вештачки. Но залудно. Кој е роден во Македонија знае и се изјаснува дека е Македонец“.

Д-р Бранислав Светозаревиќ-Покорни е историчар, архивист и еден од основачите на Музејот на македонската борба и негов прв директор во периодот од 2010 до 2018 година.

Исклучитено плоден истражувач на македонското минато и автор на капиталното дело  „Македонци – милениумски сведоштва за македонското име“ кое доживеа неколку изданија на македонски и англиски јазик и автор на бројни стручни трудови, рецензии и телевизиски емисии. На македонската јавност Бранислав Светозаревиќ-Покорни е исто така познат по бројните награди кои ги добива во промоција на македонската филателистика во светот и поседува богати збирки на ретки поштенски марки и поштенски картички кои подеднакво се претставени на изложби во Македонија и во странство.

По повод октомври – месецот на книгата, авторот Бранислав Светозаревиќ-Покорни својата книга ќе ја презентира во десеттина градови низ Германија каде се организирани предавања и културно-уметнички програми воедно прославувајќи ги големите национални празници 11 октомври – денот на востанието на македонскиот народ против фашизмот (1941) и 23 октомври – денот на создавањето на Внатрешно македонската револуционерна организација (ТМОРО/ВМРО) во Солун (1893).

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Екслузивно за Радио Пела : Нова ера во професионалниот бокс во земјава

Полека но сигурност се загрева атмосферата во пресрет на најголемиот профи настан во земјава .Simfonija Boxing Night , боксерски спектакл кој на едно место ќе го собери „кремот“ во регионалниот професионален бокс.27ми септември , сала Симфонија , Ново Лагово.Ексклузивно за нашиот медиум , дел од подготвителниот период за оние боксери...

Студентски стипендии за студенти од општина Прилеп

Општина Прилеп објави Јавен повик за студентски стипендии на 20 студенти од општина  Прилеп кои се запишани во прва година на Економски факултет – Прилеп, во прв уписен рок. Стипендиите се наменети за: – најдобрите студенти, кои се истакнале со својот успех и постигнувања, -студенти од социјално ранливи категории, на...

Прилеп гради план за одржлива мобилност

Општина Прилеп со низа манифестации од утре среда, 17 ти септември се приклучува кон Европската недела на мобилност-водечка кампања за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност. Еднонеделната програма опфаќа активности како што се возење велосипед, бесплатно користење на јавниот градски превоз, ноќна трка низ улиците во Прилеп, манифестација „Сите...