Победа се прости од куп натпреварите

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На стадионот од Маџари во Скопје денеска се одигра последниот натпревар за пласман во осминафиналето од Купот на Македонија помеѓу Гостивар и Победа. Прволигашот Гостивар со триумф (3-1) против Победа е последниот патник во следната фаза од македонскиот куп. Уште во 10 тата минута падна одбраната на Победа со голот на Иваноски. Со предноста од 2-0 гостиварци заминаа на паузата, а по 20-тина минути игра Ајдини стрелаше за 3-0. Почесниот гол на мечот Победа го постигна во 69. минута преку капитенот Спиркоски Стефан од пенал.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Општина Прилеп: Реконструкција на 3 детски и 2 училишни игралишта, изградба на спортска сала во основно училиште

Општина Прилеп продолжува со инвестиции за подобрување на условите за рекреација на најмладите и училиштната спортска инфраструктура. Веќе бил потпишан договор за изградба на ново детско игралиште со современи реквизити зад Участакот, во централното градско подрачје, а паралелно, течат активностите за изградба на уште едно  игралиште во типската населба, во...

Уште една навика што ги краси прилепчани – најажурни во селекција на отпадот

Истражувањето што го спроведе Друштвото за управување со амбалажен отпад „Пакомак“ во март годинава покажало и дека од сите видови амбалажен отпад, Македонците најчесто селектираат пластика. Дури 70,8 % од испитаниците што селектираат одговориле дека редовно селектираат пластични шишиња, а 46,6 % од нив одговориле дека селектираат секаков вид пластичен...

Цената на течниот нафтен гас, плинот, намалена за 5 денари по литар

Цената на течниот нафтен гас – плинот од денеска е пониска, откако на пазарот е регистрирано намалување и во малопродажбата и во трговијата на големо. Од полноќ „Макпетрол“ ја намалил малопродажната цена на плинот за 5 денари по литар – од 59 на 54 денари. Истовремено, во трговијата на големо...