Почнаа подготвителните активности за партерно уредување на просторот пред зградите во Стришани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

КЈП „Водовод” и Општина Кочани ги почнаа подготвителните активности за партерно уредување на просторот пред зградите во Стришани.

Ќе се  изврши уредување и поплочување со бехатон плочки на површина од 440 квадратни метри.

Исто така, ќе се направи и подигнување на постоечките решетки за подрумите на зградата и префарбување на капаците на постоечките отвори за канализационата мрежа.

Предвидено е отстранување на постоечките клупи и канти и набавка на четири корпи за отпадоци, една клупа со форма на полукруг, една со кружна форма, како и три  парковски клупи.

Постоечките три жардинерии, ќе бидат отстранети и на нивно место се предвидени нови, со помали димензии. Предвидено е засадување на три листопадни парковски дрвја, како и поставување  декоративен камен.

КЈП „Водовод” – Кочани упати апел до граѓаните за внимателно возење и прилагодување на брзината според условите на патот, а особено околу местата каде се одвиваат градежни активности.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Возач со 1,84 промили предизвика оштетување на имот во Кочани – приведен од полицијата

На 04.12.2025 во 08:20 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Џ.А.(41) од Кочани. Претходно, тој со возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во врата од двор на ул.„Шукри Шаин“ во Кочани, а по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени

Виница подготвена за празничната магија: „ViniLand“, започнува на 24 декември

Општина Виница за годинава најавува вистинска празнична атмосфера со новогодишниот фестивал „ViniLand“, што ќе се одржи од 24 декември 2025 до 6 јануари 2026 година на градскиот плоштад „Ангел Винички“. Програмата е богата, разновидна и наменета за сите генерации – од најмладите, до повозрасните љубители на добра музика и празничен амбиент. Богата програма секој ден

Автоперална „Диб“ вработува…

Перач на автомобили Услови: Работно искуство во миење и детално чистење (детејлинг) на возила Познавање и практично искуство во изведување хемиско чистење Способност за ракување со машини за хемиско чистење Одговорност, прецизност и работни навики Нудиме: Пријатна работна средина Редовна плата Можност за долгорочна соработка За повеќе информации или аплицирање, јавете се на:  078 /343