Ротари Клуб Кочани-Виница ја одбележа својата 10-та по ред Оризова Гала Вечер

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Настанот се одржа во период на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, чиј организатор е Општина Кочани. Поводот за вечерта е зачувување и негување на традицијата во производството на ориз во нашиот регион, а чиј што квалитет е препознатлив во светски рамки.

Токму овие значајни денови во кои се слави традицијата, Ротари Клуб Кочани-Виница ги посвети за луѓето кои беа на браникот на одбраната на нашата држава зафатена од големата елементарна непогода, големите шумски пожари кои најмногу беа активни во источниот дел на државата.

Собраните средства од хуманитарната вечер ќе бидат наменети во учество за купување на возило за противпожарна заштита за потребите на Доброволното противпожарно друштво од Виница.

Настанот беше поддржан со присуство на членови од 14 Ротари Клубови од нашата држава: Ротари Клуб Кавадарци, Ротари Клуб Прилеп, Ротари Клуб Скопје, Ротари Клуб Скопје Исток, Ротари Клуб Скопје Камен Мост, Ротари Клуб Скопје Кирил и Методиј, Ротари Клуб Скопје Парк, Ротари Клуб Штип, Ротари Клуб Велес, Ротари Клуб Водно, Ротари Клуб Свети Николе, Ротари Клуб Скопје Север, Ротари Клуб Скопје Вардар 245 и Ротаракт Скопје, членови на 7 странски Ротари Клубови и тоа: Ротари Клуб Благоевград од Бугарија, Ротари Клуб Банско-Разлог од Бугарија, Ротари Клуб Враца од Бугарија, Ротари Клуб Котор од Црна Гора, Ротари Клуб Анкара Кизилај од Турција, Ротари Клуб Врање од Србија и Ротари Клуб Белград Сава од Србија. Настанот беше поддржан и од високи претставници на општествено политичкиот живот во источниот регион, како и претставници на бизнис заедницата од Кочани и Виница.

Со спроведување на овој настан Ротари Клуб Кочани-Виница ја остварува својата цел да биде во служба на заедницата, раководејќи се под мототo на Ротари ,,Service above self’’. Ротари Клуб Кочани-Виница изразува огромна благодарност кон сите што со свое присуство и донации дадоа поддршка за настанот и кои се дел од остварување на една општествено корисна цел.

Ротари клуб Кочани – Виница

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пронајдена дрога во Кочани, лишени од слобода три лица, за едно одреден притвор

  На 05.02.2026 во 15:10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Е.Џ.(35), М.Џ.(27) и Е.Д.(50), сите од Штип. Според пријавеното, во 15:05 часот на ул.„Стамен Манов” во Кочани, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. , а при извршен преглед кај М.Џ.

🌰 ГАЛА НУТС – АКЦИЈА 🌰

Врвен квалитет • Чисти зрна • Искрена цена Ви ја претставуваме нашата специјална акција на одбрани јаткасти плодови, семиња и природни производи — внимателно селектирани, свежи и со докажан квалитет. Доставата ја врши служба за достава со Ваша доплата. Ограничување во количините нема. 🧺 АКЦИСКА ПОНУДА (само за 1 кг пакувања): • Кикирика сирова –

Цвеќарница ФЛОРА – Сега нарачајте, на Свети Валентин подарете

Наближува Свети Валентин, не чекајте до последен момент, Нарачајте веднаш, подарокот подигнете го на 14 – ти февруари Цвеќарница ФЛОРА – Ваш партнер кога некого сакате да направите среќен…. Јавете се на 033 272 667 – закажете подарок веднаш и на Денот на вљубените – подарете ВАША – Цвеќарница ФЛОРА