Познати добитниците на државната награда за животно дело „11 ти Октомври“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Годишните добитници на најпрестижната државна награда за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија  „11 Октомври“ се

За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им  се доделува на: Љупчо Каров, мултимедијален уметник; Владимир Темков, академски сликар; Јовица Михајловски, драмски актер и продуцент.

 Наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката му се доделува на  проф. д-р Марко Китевски, истражувач на македонскиот фолклор.

Тоа денеска го одлучи одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ чии претседател е проф. д-р Елена Јованова-Грујовска.

Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп: Претстава „ЧУДЕСНИОТ НАПИТОК” од Театар ,,Златен Елец” по повод Светскиот ден на театарот

Светскиот ден на театарот, Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе го одбележи со изведба на претставата „ЧУДЕСНИОТ НАПИТОК” од Театар ,,Златен Елец”, на 27 март/ петок/ од 11.30 часот  во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“. Во претстваата играат: Хари- Бобан Алексоски-Хермиона, Валдена- Надица Петрова Визли, Гринимор- Бранко Михајлоски, Волдеморд- Тодор Стојковски –...

Мултимедијален проект „Оган“ – изложба на уметницата Бојана Артиновска

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ на 27 март 2026г. /петок/ од 19.00 часот ќе биде отворена изложбата „Оган“ од академската уметница Бојана Артиновска. Во рамки на отворањето на изложбата авторката Бојана Артиновска ќе изведе перформанс сликање во живо како дел од процесот на создавање и непосредно претставување на...

Театарска комедија „Сваќи“ и хуманитарен настан во мултифунционалната сала во Кривогаштани

На 29 март (недела), во салата во Кривогаштани, ќе се прикажува театарската претстава „Сваќи“ – урнебесна комедија во изведба на ученици од СОУ „Наум Наумовски-Борче“ Крушево.  Драмскиот текст за комедијата е од авторот Коста Хасану – КОКО создаден пред повеќе од триесет години, кој воедно и ја изведувал претставата. Денес,...