Полициска хроника: приведен разбојник од Прилеп, неколку пријави за физичко насилство

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 27.09.2024 во 14.00 часот на улица „Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ѓ.Ш.(29) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „разбојништво”, соопшти МВР. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
 На 27.09.2024 во 16.00 часот во ОВР Прилеп, Г.Ш.(55) од Прилеп пријавил дека на улица ,,Прилепски бранители” во Прилеп бил физички нападнат од Г.М. од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 26.09.2024 околу 15.30 часот во ОВР Прилеп, Р.М.(52) од Прилеп, вработен во Шумска полиција, пријавил дека, додека со негов колега чекале нарачани сендвичи во угостителски објект во Прилеп, Д.К од Прилеп незабележано му го извадил пиштолот од појасот и надвор од објектот ги испукал сите куршуми во воздух. Според пријавеното, тој веднаш му го земал пиштолот, при што Д.К. му се заканил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 На 27.09.2024 во ОВР прилеп било пријавено дека во 13.30 часот на ул„ Борка Утот“ во Прилеп,  Б.К.(22) од  Неготино и  В.Н.(21) од с.Мало Коњари, прилепско, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветен поднесок.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Утре поскапува лебот во Прилеп

Поскапува лебот во Прилеп и во неколку градови низ земјава. Во дел од пекарниците во Прилеп, Штип, Кочани и Битола се очекува повисока цена на одредени видови леб од утре, а некаде веќе имало корекции. Најавите се дека цените на белиот леб од 450 грама, во дел од пекарите ќе...

Филмот „На се’ доаѓа крај“ во киното Мис Стон во Прилеп

Во киното Мис Стон утре, 1 април 2026, среда,од 19.00 часот ќе се прикаже филмот „ НА СЀ ДОAЃА КРАЈ“. Филмот е во копродукција од повеќе филмски продукции од Балканот меѓу кои и Македонија. Сценариото е на Рајко Грлиќ, кој воедно е и режисер и Анте Томиќ. ДИРЕКТОР НА ФОТОГРАФИЈА:...

Промоција на книгата „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од авторот Емил Крстески

По Скопје и Охрид денеска и во Градската библиотека „Борка Талески“ беше промовирана новата книга – збирка раскази „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од Емил Крстески, прилепчанец, новинар, политиколог, дипломат, прозаист и сликар. Интригантниот наслов на книгата буди интерес за читателската публика, до толку повеќе што авторот Крстески...