Започнаа 33. „Денови на кочанскиот ориз“ – Марија Стаменкова избрана за жетварска убавица…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Марија Стаменкова е овогодишната жетварска убавица – таа ги освои гласовите на жирито на изборот што синоќа, пред многубројната публика, се одржа во Паркот на револуцијата во Кочани.

Прва придружничка на жетварската убавица е Мартина Костадинова, а втора – Ивона Ефтимова. Девојките ќе учествуваат во претставувањето на обичајот зажнејување на ориз, на 29 септември, на нива во Оризари.

Отворањето на 33. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ продолжи со настапот на Ненад Вржалски, а публиката уживаше на концертот на македонската поп-дива Каролина Гочева и во настапот на диџеј Ацко.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Угостителите во летниот период можат да работат секој ден до 1 часот по полноќ

Угостителските објекти  во текот на летниот период имаат продолжено работно време за еден час. Согласно важечките прописи, рестораните, кафулињата и останатите угостителски објекти можат да работат до 1 часот по полноќ секој ден во неделата, а оваа можност важи заклучно со 31 август. Продолжувањето на работното време е практика која се применува во периодите кога

Амфенол технолоџи Македонија организира екоакција по повод Светскиот ден за заштита на животната средина

По повод Светскиот ден за заштита на животната средина – 5 Јуни, в петок, 5 јуни, со почеток во 13 ч., Амфенол технолоџи Македонија ќе реализира екоакција во Кочани, на потегот од Железничката станица, зад пругата и дел од дворот на ООУ „Никола Карев“, до маркетот Кипер. Целта на настанот е да влијае на подигнување на

„Развој на бизнисот преку развој на човечките ресурси“ во Прогесив академија на Винчини…

Во организација на Прогресив Академија на Винчини, денеска во Виница се одржа лидерската конференција на тема „Развој на бизнисот преку развој на човечките ресурси“, настан кој собра менаџери, претприемачи, професионалци и претставници од бизнис секторот. Конференцијата беше посветена на значењето на инвестицијата во човечкиот капитал како еден од клучните фактори за успешен и одржлив развој