Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов организираше свечен прием за гостинските делегации и ансамбли

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Синоќа, на Споменикот на слободата во Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов приреди прием за делегациите, гости на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Триесет и третото издание на манифестацијата ќе го следат делегации од општините Никшиќ, Република Црна Гора; Перник, Република Бугарија; Нови Кнежевац, Република Србија; Сигентсетмиклош, Република Унгарија и Грачаница од Босна и Херцеговина.

Во програмските содржини на манифестацијата ќе учествуваат и КУД „Медвеѓа“ од Медвеѓа, Трстеник, Србија;  ФА „Бијела“ од Бијела, Херцег Нови, Црна Гора, Ансамблот за народни пресни и танци „Граовска младост“ од Перник, Бугарија и ФА „Напрафоргок“ од Сигетсентмиклош, Унгарија.

На приемот присуствуваа членови на Советот на Општина Кочани и претставници на институции и здруженија.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Средношколци од Кочани во трката за 1.000.000 денари – да ги поддржиме младите иноватори

Никита Митевски, Мите Атанасов, Даниел Јанев, Даме Јаневски и Матеј Стоиловски се средношколците од нашиот град кои со нивната идеја Linkify се натпреваруваат за 1.000.000 денари во рамки на нацоналниот натпревар „Средношколец милионер“ во организација на Brainster Next College и NU академиите за талентирани средношколци. Нивната идеја е една од 53 селектирани бизнис идеи кои

ТОТАЛНА РАСПРОДАЖБА ВО „РИВЕР СОФТ“ – КОЧАНИ

Од 6-ти до 15-ти ноември – Тотална распродажба во салонот на „Ривер Софт“ кај поштата во Кочани. Одберете парче модерна технологија, со екстра квалитет и најниски цени на пазарот. Побрзајте – количините се ограничени! „РИВЕР СОФТ“

АМФЕНОЛ ВРАБОТУВА ИНЖЕНЕР ЗА  КВАЛИТЕТ  – FILEC

ОГЛАС   Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место   ИНЖЕНЕР ЗА  КВАЛИТЕТ  – FILEC   Одговорности и задачи: ·         Анализа на рекламации (купувач / добавувач) ·         Контакт со клиенти (интерни) ·         Анализа на грешки (дневна, неделна, месечна) ·         Подготовка и иѕработка на 8D извештај (интерни) ·         Изработка на документација