Се запали возило во движење, за среќа нема повредени

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска (24.09.2024) во 05.35 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Виница настанал пожар во патничко возило „сеат ибица“ со винички регистарски ознаки, во движење, управувано од шеесетгодишник од село Лаки, виничко.

Екипа од Територијалната противпожарна единица Виница го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Промена на режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Кочани согласно сообраќајна документација

Наскоро ќе се промени режимот на сообраќај на двете главни улици во централното градско подрачје во Кочани, согласно изработена сообраќајна документација. Сообраќајот на потегот од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, со дел од ул. „Тодосија Паунов“ и ул. „Кеј на Револуцијата“ ќе се одвива еднонасочно, во правец југ-север до мостот кај Градскиот плоштад.

Со претставата „Сите прекрасни нешта“ вечерва на сцената во „Бели мугри“ завршува есенската културна програма на Јуроп хаус во Кочани

Октомвриската програма на Јуроп хаус во Кочани завршува вечерва со претставата „Сите прекрасни нешта“ на Народниот театар од Штип, што ќе се игра во ЦК „Бели мугри“, домаќин на сите културни случувања што досега Јуроп хаус ги има донесено во градот на Кочанска Река. Месецов се одиграа две претстави, најпрвин кочанчани ја пгледнаа претставата „Синиот

Со 2, 01 промили алкохол во крвта, лице од с. Бања со автомобил искршил неколку паркирани возила

Вчера во Кочани, полициски службеници од ОВР КОчани го лишија од слобода Ј.И.(57) од с.Бања, кочанско, информира МВР. Претходно, тој со патничко возило „југо“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал на ул.„Роза Петрова“ во Кочани, удрил во неколку паркирани возила. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека возилото го управувал под