Филип Стојанов со бронза од Купот на шампионите во Подгорица

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Викендов во Подгорица, Црна Гора, каратист на „Партизан“ од Кочани, учествуваше на Меѓународниот турнир во карате насловен „Куп на шампионите 2024“. Турниров беше последна проверка пред Светското првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година што ќе се одржи во Венеција од 8 до 13 следниот месец.

Во Подгорица настапија најсилните состави на екипи од 12 држави: Србија, Грција, Кипар, Словенија, Унгарија, Бугарија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово, БИХ и Хрватска.

Одличен настап на „Купот на шампионите 2024“ имаше Филип Стпјанов, кој во извонредно силна конкуренција го освои третото место и бронзениот медал  во категоријата „кумите“ – јуниори до + 76 килограми.

Филип Стојанов е сигурен учесник на Светското првенство во Италија. Од КК „Партизан“ очекуваат негов успешен настап.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Костадиновски: Реализираме неколку инфраструктурни проекти во Истибања

Општина Виница денеска  започна со подготвителни активности за поплочување на две улици во Истибања и за изградба на тротоар на влезот од селото. Нешто подоцна, најавуваат од Општинатата,  ќе продолжи поплочувањето на повеќе помали и потесни улици во градот и во неколку населените места. -Финансиските средства за овој проект во висина од 5,7 милиони денари

Вознемирување, навреди и притисок: Пријавен случај на психичко насилство врз дете во Кочани

На 25.03.2026 во 15:40 часот во ОВР Кочани, 42-годишна жена од Кочани пријави дека подолг временски период, врз нејзината малолетна ќерка е вршено психичко насилство од нејзина соученичка, а подоцна се приклучиле и други малолетници.     Според пријавеното, на социјална мрежа имало група во која со други малолетнички ја навредувале и омаловажувале нејзината ќерка,

Во ДК „Тошо Арсов“ во Виница отворена изложбата на делаод 33. Лесновска ликовна колонија

Во галеријата на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница вчера е отворена ликовна изложба на дела работени во текот на 33. Лесновска ликовна колонија, која и овој пат имаше меѓународен карактер. Пред присутниуте зборуваше Марија Трајчева, претставник на ДК „Злетовски рудар“, локална установа од културата која ја организира Лесновската  ликовна колонија од 1992 година