Кочани го одбележа Меѓународниот ден без автомобили

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По повод Европска недела на мобилност и Меѓународниот ден без автомобили,  денеска во Градскиот парк во Кочани се одржа едукативен настан со ученици од  кочанските  основни училишта.

Ученици од одделенска и предметна настава настапија на велополигон и ги подобруваа велосипедските вештини и знаења, а дел твореа со лего-коцки на тема: Како сакам да изгледа мојот град.

Учесниците имаа можност да се запознаат со велосипедските делови преку различни видови едукативни игри. Преку симулација на пешачки премин, учење рачни сигнали, сообраќајни знаци, користење на заштитна опрема, учество во бавна трка, стекнаа нови знаења за безбедноста при возење велосипед.

Настанот е дел од проектот: „Зад урбаното“, финансиран од ЕУ-програмата URBACT, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и ОСБСП – Кочани.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Троеручица – нов духовен бисер на храмот „Свети Димитриј“ во Ново Село

Преписот на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора веќе е дел од храмот „Свети Димитриј“ во штипско Ново Село, каде во изминатите денови пристигнуваат бројни верници за да се поклонат и помолат. Станува збор за една од најпочитуваните православни светињи, а нејзиното присуство во Штип се смета за настан од особено духовно

Успешен настап на ДПД Кочани на меѓународниот натпревар „ВИП 2026“ во Петроварадин

Четиричлена екипа на ДПД Кочани зеде учество на меѓународниот натпревар во противпожарни игри „ВИП 2026“, кој се одржа во Петроварадин, Република Србија. Натпреварот се одвиваше на четири различни полигони, а во силна конкуренција од 14 екипи од Србија, Хрватска и Словенија, нашата екипа успеа да го освои одличното  трето место. Упатуваме голема благодарност до домаќинот

Рибник „Глобица“ – Вистинскиот избор за освежување од летните горештини…

Мир,…природа ,…езеро, …река …и свежина во топлиот период кој доаѓа се на едно место …. . На само 15 мин возење Рибник ресторан „Свети Ѓорѓи Глобица“ е тука за вас и ви нуди во секое време свежа риба .. крап, сом пастрмка црвеноперка , чипс од крап , … морски специјалитети свежа ципура ,лаврак и