Во тек се геомеханички истражувања за изградба на мост на Кочанска Река што ќе ги спојува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Започнаа геомеханичките испитувања на теренот каде што е планирана изградба на мост на Кочанска Река што ќе ги спојува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“,  истражувања коишто ќе ја определат носивоста на почвата во долните слоеви.

Според проектната програма за изработка на проектна документација, мостот треба да биде долг 30-ина метри и да биде на колови на поголема длабочина.

Изградбата на овој мост е со цел да се намали сообраќајот на улиците „Стево Теодосиевски“, „Глигор Апостолов“ и „Никола Карев“, чии профили не ги обезбедуваат потребната пропусна моќ, ниво на услуга, економичност и безбедност во сообраќајот.

Се очекува изградбата на мостот да овозможи олеснување на сообраќајот по овие улици и негово побрзо и побезбедно одвивање.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочанчанец учествуваше на Меѓународен гастро фестивал во Ниш и го освои високото второ место !!!

Нашиот сограѓанин Глигор Мишев учествуваше на 13-тиот по ред гастро фестивал во Ниш, со натпреварувачки карактер. Во конкуренција на голем број натпреварувачи и 30 екипи од Србија, Грватска, Словенија и Македонија, го освои високото второ место и сребрениот медал. Комитска манџа со јагнешко месо ги плени срцата и стомакот на претставниците на жири комисијата и

Членови на ДПД и ТППЕ Кочани беа дел од тридневна обука за гасење шумски пожари во Словенија

Членови на ДПД и ТППЕ Кочани беа дел од тридневна специјализирана обука за гасење шумски пожари, што се одржа во Центарот за обука во Сежана, Словенија. Активноста беше овозможена од страна на Дирекцијата за заштита и спасување. Учесниците за Радио Кочани посочија: Ова претставува значајна можност за нашите членови, преку која стекнавме нови знаења, практични

Се продава стан од 65 квадрати во центарот на Кочани

Се продава нов стан  на 4 – ти спрат со поршина од 65 квадратни метри и со тераси од 4 квадрати. Станот поседува сопствен паркинг простор за едно возило. Зградата се наоѓа во центарот на градот, на улицата „Димитар Влахов“ број 45. Станот е нова градба и до сега не е вселуван. Информации на телефон: