За третиот роденден на ДПД Кочани – Меѓународен натпревар, презентација на професијата пожарникар и добра забава…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во Саботата доброволното противпожарно друштво од Кочани го прослави третиот роденден.

Настанот започна со смотри и говори на градоначалникот Љупчо Папазов и Златко Илијев, потоа во склоп на својот трети роденден доброволците пожарникари од Кочани го организираа вториот Меѓународен противпожарен натпревар, Kochani Fire Challenge 2024 на кој  учествуваа екипи од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Бугарија.

Инаку во рамките на натпреварот беа организирани и детски противпожарни игри за петтоодделенците од основните училишта од Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Екипата на Доброволното противпожарно друштво Петроварадин, Нови Сад од Р. Србија со најдобро време од девет минути и две секунди, беа најдобрите на Меѓународниот противпожарен натпревар потоа второпласирана беше екипата на ДПД Рогошка Слатина, од Р. Словенија со освоено време од девет минути и дванаесет секунди, а треттото место и припадна на противпожарната екипа од Рафинерија ОКТА, Р. Македонија со десет минути и 47 секунди.

Во женска конкуренција првото место и припадна на женската екипа на ДПД – Сингелиќ од Ниш.

Настанот имаше за цел јавноста и граѓаните одблиску да се запознаат со работата на пожарникарите, нивна промоција и презентација на пожарникарската професија и воедно одбележување на тригодишнината од формирањето на ДПД – Кочани, а по прогласувањето на победниците во кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани следуваше добра забава со убава музика, добра скара и пијалоци за присутните.

Д.Михајлов

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ТППЕ – Кочани со апел за превенција од шумски пожари пред летната сезона

Со почетокот на летната сезона и најавените високи температури, значително се зголемува ризикот од појава и брзо ширење на шумски пожари. Поради тоа, Територијалната противпожарна единица Кочани упати апел до граѓаните за максимална внимателност и одговорно однесување при престој во природа. Од ТППЕ Кочани потсетуваат дека е строго неопходно да се избегнува палење оган на

В сабота започнува полагањето на матурските испити во Кочани, над 220 матуранти ќе го полагаат првиот екстерен испит

Оваа сабота, 6 јуни, матурантите од двете средни училишта во Кочани ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започнува во 9:00 часот, а училиштата ги имаат завршено сите неопходни подготовки за негово непречено реализирање. Во СОУ „Љупчо Сантов“ вкупно 132 ученици ќе пристапат кон полагање на матурски и завршни испити. Од нив,

Покана за свечен пречек на иконата на Пресвета Богородица Троеручица

ПОКАНА до СИТЕ Благочестиви Брака и сестри во Христа На ден 06.06. Лето Господово 2026, во Штип пред Соборниот Храм Св .Никола со почеток во 17:00 часот ке пристигне од СВЕТА ГОРА иконата на Пресвета Богородица- Троеручица. По повод оваа голема радост Ве покануваме сите торжествено да ја пречекаме и заедно сите сплотени , молитвено