Lidl го започнува караванот за вработување – првата станица е Штип

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во рамки на кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“, Лидл Северна Македонија започнува со реализација на караван кој во текот на јуни ќе посети шест градови низ државата. Првата средба со заинтересираните кандидати ќе се одржи денеска, 16 јуни, во 11.00 часот во „Штип Сити Мол“ во Штип.

Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни позиции во логистичкиот центар на Lidl во Куманово, како и во идните маркети на компанијата ширум земјата. Претставници на компанијата ќе бидат достапни за разговор со кандидатите, ќе одговараат на нивните прашања и ќе ги запознаат со процесот на аплицирање, условите за работа и можностите за професионален развој.

По првиот настан во Штип, караванот продолжува на 17 јуни во Струмица, во „Симбол ретаил парк“, потоа на 18 јуни на градскиот плоштад во Гевгелија, кај фонтаната, на 19 јуни во Куманово во „Плаза Мол“, како и на 20 јуни во Скопје, во „Ист Гејт Мол“. Караванот ќе заврши на 22 јуни во Струга, кај хотелот „Дрим“.

Со караванот за вработување, Лидл Северна Македонија продолжува да го гради својот тим во земјава, нудејќи им на кандидатите можност да станат дел од една од водечките малопродажни компании во Европа и пошироко. Компанијата нуди јасен и структуриран процес на вработување, како и сеопфатна обука за сите нови вработени.

Како дел од голем меѓународен малопродажен синџир, Лидл Северна Македонија на своите вработени им обезбедува сигурна и стабилна работна средина, јасни можности за учење и напредување, како и низа дополнителни придобивки.

Повеќе информации за отворените работни позиции и процесот на аплицирање се достапни на интернет страницата jobs.lidl.mk

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пеколни топлотни бранови ќе ја зафатат Македонија во текот на летото

Летото 2026 година во Македонија се очекува да биде значително потопло од повеќегодишниот просек. Според најновите прогнози, земјава ќе биде под влијание на чести и интензивни топлотни бранови од Африка, кои ќе донесат екстремно високи температури. Во поголемиот дел од државата температурите често ќе надминуваат 35 степени Целзиусови, додека во Повардарието, Скопската Котлина и југоисточните

Хуманост, музика и сеќавање: Кочани оддаде почит на Јорданчо Џамов и 63-те жртви од трагедијата

Со музика, хуманост и силна порака за заедништво, во Паркот на Револуцијата во Кочани се одржа хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и 63-те жртви од трагедијата што длабоко го потресе градот и целата јавност. Голем број граѓани присуствуваа на настанот, каде што беа организирани модна ревија, хуманитарна продажба на фустани и богата музичка програма.

Газдите на „Пулс“ се откажаа од тужбата против младите кочанчани кои им го демолираа кафе-барот „Класик“

Основниот суд Кочани донесе Решение со кое ја запира постапката против осуммина млади кочанчани, по приватната кривична тужба на синот на газдата на Пулс, Дејан Јованов Деко, Михаил Јованов, за демолирањето на Класик кафе од 17 март 2025. „Постапувајќи по поднесокот доставен до Основен суд Кочани од страна на приватниот тужител ДПТУ „БИТ ТИМ“ ДООЕЛ