Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Mакедонија влегува во период на интензивни инвестиции во експресната патна мрежа. Освен почетокот на изградбата на експресниот пат Куманово-Страцин како дел од “Планот за раст” заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител најави нов тендер за изработка на студии за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево, како и за експресен пат Радовиш-Струмица.

Според Николоски, овие инвестиции ќе придонесат за рамномерен развој низ сите региони.

„Експресниот пат Куманово -Страцин е дел од Планот за раст со Европската Унија, ќе има и ИПА компонента, така што очекувам до следната година заедно со Европската Унија да ги завршиме сите документи и да почне и таму да се гради. Добро е што таму експропријацијата е завршена, одиме на проектирање и на изградба“, изјави Николоски.

Во однос на плановите за изградба на нови експресни патишта, тој најави:

Во соработка со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, објавуваме тендер за сите потребни студии за експресен пат кој ќе оди Кочани-Виница-Делчево, а за скоро време ќе излезе и за експресниот пат Радовиш-Струмица“, најави Николоски.

Според него, овие проекти покажуваат дека државата не инвестира само во автопатски делници, туку паралелно работи и на развој на современа мрежа на експресни патишта која ќе обезбеди побрзо и побезбедно поврзување на регионите.

Тоа значи дека сериозно ќе се инвестира покрај во Централна и Западна Македонија и во Источна Македонија “, истакна Николоски.

Со најавените проекти, државата отвора нова фаза на инфраструктурен развој во која паралелно ќе се градат автопати и експресни патишта. Целта е подобрување на регионалната поврзаност, забрзување на транспортот на луѓе и стоки и создавање подобри услови за економски развој во сите делови на земјата.

Министерство за транспорт

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Летната шема е во „Абракадабра“

ЛЕТНА ШЕМА ВО „АБРАКАДАБРА“ Јади и гледај Светско првенство! Сите бургери со поголема плескавица – цена иста. Нови производи: Палачинки – солени и благи Тостови со зденка, маслинки и сувомеснато по избор Тост со плескавица и кашкавал Бабл милк шејкови со голем избор на вкусови Десерти: Вафли Сутлијаш Палачинки Ново летно работно време: од 10:00

Повик за учество на Петровденскиот турнир во мал фудбал – 2026

Во пресрет на петровденските празнувања, Општина Кочани и годинава го организира Петровденскиот турнир во мал фудбал, за што распиша јавен повик за фудбалските екипи, кои најдоцна до 19 јуни 2026 година треба да се пријават за учество на турнирот.   Екипите треба да уплатат котизација во износ од 3 000 денари на сметката: 210041087870107 – депонент НЛБ банка, ОФС –

Троеручица – нов духовен бисер на храмот „Свети Димитриј“ во Ново Село

Преписот на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора веќе е дел од храмот „Свети Димитриј“ во штипско Ново Село, каде во изминатите денови пристигнуваат бројни верници за да се поклонат и помолат. Станува збор за една од најпочитуваните православни светињи, а нејзиното присуство во Штип се смета за настан од особено духовно