Четиричлена екипа на ДПД Кочани зеде учество на меѓународниот натпревар во противпожарни игри „ВИП 2026“, кој се одржа во Петроварадин, Република Србија.
Натпреварот се одвиваше на четири различни полигони, а во силна конкуренција од 14 екипи од Србија, Хрватска и Словенија, нашата екипа успеа да го освои одличното трето место.
Упатуваме голема благодарност до домаќинот и организатор на натпреварот, ДВД Петроварадин, за одличната организација, топлиот прием и гостопримството што ни го укажаа во текот на целиот настан.
Исто така, искрено им се заблагодаруваме на Мак Рент од Кочани, кои со својата поддршка ни го овозможија ова патување и учество на натпреварот.
Ваквите меѓународни натпревари не се само можност за спортски и натпреварувачки успех, туку и за стекнување нови знаења, искуства и пријателства.
Токму овие контакти и размена на искуства се од огромно значење за развојот и унапредувањето на нашето друштво.
Продолжуваме понатаму со уште поголема мотивација и посветеност
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









