Советничката група „ДОСТА БЕШЕ“ при Советот на Општина Кочани упати јавен повик до сите граѓани и здруженијата да се приклучат на акцијата за расчистување и уредување на зеленилото околу Спомен домот АСНОМ.
Акцијата ќе се одржи утре, петок, 12 јуни, со почеток во 18:00 часот. Збирното место е пред музичкото училиште „Ристо Јуруков“
Од советничката група информираат дека на учесниците им се потребни само ракавици, долг долен дел од облека и желба за работа и дружење.
Да покажеме дека заедно можеме повеќе“, порачуваат од „ДОСТА БЕШЕ“, повикувајќи ги граѓаните заеднички да придонесат за почиста и поуредена животна средина.
Акцијата е отворена за сите граѓани кои сакаат активно да се вклучат во уредувањето на заедничките зелени површини.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









