„СОУ „Ванчо Прке“ и „Макпрогрес“ – Виница: Заедно до сигурна професија и успешна кариера

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Деветтоодделенци, вашата иднина започнува сега!

Сакате образование што носи знаење, практика и сигурна професија?

По успешната приказна на прехранбената струка во дуално образование поддржана од кондиторската компанија Макпрогрес ДОО Виница, СОУ „Ванчо Прке“ – Виница отвора нова можност – туристичко-угостителска струка, профил Угостителски техничар!

Стекнете практични вештини, учете од професионалци и подгответе се за кариера во хотели, ресторани, туристички агенции и современи компании од секторот туризам и угостителство.

Не следи ги можностите – создавај ги!

Пријавувањето е од 12 до 15 јуни.
Втор уписен рок е на 23 јуни.
Августовскиот уписен рок е на 20 август.

СОУ „Ванчо Прке“ – Виница и Макпрогрес ДОО Виница.

Од училница до успешна кариера – започни го патот денес!

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Советничката група „ДОСТА БЕШЕ“ повикува на акција за уредување и расчистување на зеленилото околу АСНОМ

Советничката група „ДОСТА БЕШЕ“ при Советот на Општина Кочани упати јавен повик до сите граѓани и здруженијата да се приклучат на акцијата за расчистување и уредување на зеленилото околу Спомен домот АСНОМ. Акцијата ќе се одржи утре,  петок, 12 јуни, со почеток во 18:00 часот. Збирното место е пред музичкото училиште „Ристо Јуруков“ Од советничката

Од Лас Вегас до Виница — мајка и ќерка се преселија во Македонија, ги споделија впечатоците

Дека животот во големите светски метрополи не секогаш го нуди она што е најважно за едно безгрижно детство, доказ е едно прекрасно видео кое деновиве стана вирално на социјалните мрежи. Едно семејство ја заменило светската престолнина на забавата, Лас Вегас, со малото и мирно македонско гратче Виница, а нивната 11-годишна ќерка најдобро објаснува зошто оваа промена е

В сабота Кочани ќе биде домаќин на првиот „Women Power Cup 2026“

Кочани в сабота, 13 јуни, ќе биде центар на спортот, рекреацијата и забавата со одржувањето на првото издание на „Women Power Cup 2026“. Настанот ќе се одржи во училишниот двор на СОУ „Љупчо Сантов“, а ќе обедини учесници и посетители од повеќе од десет градови од државата. Програмата започнува во 17 часот и ќе трае