Од Лас Вегас до Виница — мајка и ќерка се преселија во Македонија, ги споделија впечатоците

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Дека животот во големите светски метрополи не секогаш го нуди она што е најважно за едно безгрижно детство, доказ е едно прекрасно видео кое деновиве стана вирално на социјалните мрежи. Едно семејство ја заменило светската престолнина на забавата, Лас Вегас, со малото и мирно македонско гратче Виница, а нивната 11-годишна ќерка најдобро објаснува зошто оваа промена е вистински погодок.

Во опуштен разговор на Инстаграм, мајката Инга Мцева (41) ја прашува својата ќерка како се навикнала на новата средина и која е најголемата разлика меѓу животот во САД и Македонија. Одговорот на девојчето е едноставен, но во исто време и моќен потсетник за вредностите што често ги земаме здраво за готово „слободата и безбедноста“.

На прашањето на мајката: „Која е разликата меѓу, Лас Вегас и Виница, ќерката одговори дека и се допаѓа тоа што во „Виница може едноставно слободно да се шета наоколу“.

 

Малите нешта што значат слобода

За децата што растат во Америка, идејата сами да отидат до маалската продавница или пеш да се вратат од училиште е вистинска реткост поради безбедносни причини и начинот на живот. Но, во Виница, ова мало девојче ужива во секојдневието на своите врсници.

Мајката во видеото додава дека е пресреќна што нејзината ќерка може сама да ги извршува најосновните работи во текот на денот.

„Мислам дека е кул и тоа што можеш сама да отидеш во продавница и да си земеш грицки или да си купиш нешто. Сама одиш на училиште, ми се допаѓа што сама пешачиш  и не мора јас да те носам и земам од училиште, туку едноставно сама одиш таму“, вели Инга.

Разговорот завршува со симпатичен и хумористичен тинејџерски коментар од ќерката, која низ смеа признава дека наместо преку главната капија на училиштето, таа претпочита „секој ден да се качува преку оградата“, уште еден доказ за независноста и детските палавштини кои го прават растењето тука незаборавно.

Ова вирално видео предизвика лавина од позитивни коментари. Многумина коментираат дека токму оваа безбедност, мирот и можноста децата да растат надвор, на улица со другарчиња, е најголемото богатство што Македонија сè уште им го нуди на семејствата.

Извор: Слободен печат

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Советничката група „ДОСТА БЕШЕ“ повикува на акција за уредување и расчистување на зеленилото околу АСНОМ

Советничката група „ДОСТА БЕШЕ“ при Советот на Општина Кочани упати јавен повик до сите граѓани и здруженијата да се приклучат на акцијата за расчистување и уредување на зеленилото околу Спомен домот АСНОМ. Акцијата ќе се одржи утре,  петок, 12 јуни, со почеток во 18:00 часот. Збирното место е пред музичкото училиште „Ристо Јуруков“ Од советничката

„СОУ „Ванчо Прке“ и „Макпрогрес“ – Виница: Заедно до сигурна професија и успешна кариера

Деветтоодделенци, вашата иднина започнува сега! Сакате образование што носи знаење, практика и сигурна професија? По успешната приказна на прехранбената струка во дуално образование поддржана од кондиторската компанија Макпрогрес ДОО Виница, СОУ „Ванчо Прке“ – Виница отвора нова можност – туристичко-угостителска струка, профил Угостителски техничар! Стекнете практични вештини, учете од професионалци и подгответе се за кариера

В сабота Кочани ќе биде домаќин на првиот „Women Power Cup 2026“

Кочани в сабота, 13 јуни, ќе биде центар на спортот, рекреацијата и забавата со одржувањето на првото издание на „Women Power Cup 2026“. Настанот ќе се одржи во училишниот двор на СОУ „Љупчо Сантов“, а ќе обедини учесници и посетители од повеќе од десет градови од државата. Програмата започнува во 17 часот и ќе трае