Со свечено отворање на новите простории на улицата „Кеј на Револуцијата“ бр. 14, „Школа за убавина Арт“ официјално го започна своето работење во Кочани.
По осум години успешно функционирање во Скопје и повеќе од 10.000 обучени курсисти, школата го проширува своето делување и во источниот регион на државата.
На настанот присутните имаа можност да се запознаат со просториите, програмите за обука и можностите кои ги нуди школата, како и директно да разговараат со сопственичката и менаџерка Марија Мојсова.
Со отворањето на новата локација, „Школа за убавина Арт“ ја продолжува својата мисија за создавање квалификувани професионалци и овозможување нови можности за образование и професионален развој во областа на убавината.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









