Учебната 2025/2026 година денеска официјално заврши за околу 6.000 основци во десетте основни училишта во Прилеп. Заедно со нив, на летен распуст заминуваат и околу 3.000 прилепски средношколци.
Матурантите веќе ја завршија наставата на 15 мај, а утре (11 јуни) ги очекува полагање на задолжителниот екстерен испит од државната матура.
Полуматурантите во петок (12 јуни) го започнуваат првото пријавување за упис во петте средни училишта во градот.
Официјалниот летен распуст за сите ученици ќе трае до 31 август.









