Хуманитарен настан во Кочани во чест на Јорданчо Џамов и загинатите ангели

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

В понеделник ,15 јуни, со почеток во 19 часот во Градскиот парк во Кочани, ќе се одржи хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели.

Настанот има за цел да ги обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, како и за помош и поддршка на семејства од ранливи категории.

Во рамките на програмата е предвидена модна ревија во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, како и продажба на фустани, при што средствата од продажбата ќе бидат донирани за реализација на хуманитарните цели на настанот.

За посетителите ќе биде организирана и музичка програма, а организаторите ги повикуваат граѓаните да присуствуваат и заедно да испратат порака на хуманост, почит и надеж.

Настанот е во организација на пријателите и семејството на Јорданчо Џамов.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

По два дена поминати дома по несреќата со трактор, 71-годишник од Драгобраште им подлегна на повредите

На 08.06.2026 во 10:09 часот во Полициската станица Виница, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди здобиени при несреќа со трактор бил донесен В.А.(71) од с.Драгобраште, виничко, кој им подлегнал на повредите и покрај укажаната лекарска помош и извршена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител од Основното

Политехна Компани Кочани – квалитет што трае, цена што одговара на сите !!

За квалитетни и современи лимарски решенија, вистинската адреса е Политехна Компани Кочани. Компанијата нуди производство и монтажа на кровни лимови, лим-ќерамида, ламперија лим, ребрест лим, полукружни и четвртасти олуци, држачи за олуци, лимени опшивки и коцкасти профили за сите намени. Во понудата се и панел сендвич од италијанско производство со докажан квалитет, како и модерни

„Макпрогрес“ ги отвори новите производствени погони, присуствуваше и премиерот Мицкоски и владина делегација

Премиерот, Христијан Мицкоски, заедно со министерот за транспорт Александар Николоски, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, и градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, остварија работна посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, каде што беше одржана средба со менаџерскиот и стручниот колегиум на компанијата и свечено беше