На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”. Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20 тина ученици од сите профили од училиштето.
Со многу имагинација, вештини и креативност редизајнираа и изработија уникатни модни парчиња кои испраќаат порака за одржливост, иновативност, љубов и грижа кон природата и животната средина. Ментори на учесниците на модната ревија беа: професорката по ликовна уметност Марта Макеска и професорките по стручни текстилни предмети Здравка Најдоска и Наташа Мирческа. Настанот беше поддржан од Општина Прилеп и повеќе прилепски компании кои ја препознаа иновативноста и креативноста на учениците и нивните ментори.
Модната ревија Trash Fashion во СОУ Ѓорче Петров се одржува традиционално повеќе од 10 години.









