Угостителите во летниот период можат да работат секој ден до 1 часот по полноќ

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Угостителските објекти  во текот на летниот период имаат продолжено работно време за еден час.

Согласно важечките прописи, рестораните, кафулињата и останатите угостителски објекти можат да работат до 1 часот по полноќ секој ден во неделата, а оваа можност важи заклучно со 31 август.

Продолжувањето на работното време е практика која се применува во периодите кога има зголемена посетеност на угостителските објекти, особено во текот на летните месеци кога граѓаните повеќе време поминуваат на отворено и во вечерните часови.

Покрај летниот период, продолженото работно време се применува и во зимскиот период, од 25 декември до 15 февруари, кога угостителите исто така можат да работат еден час подолго од вообичаеното.

Од надлежните институции потсетуваат дека угостителските објекти и понатаму се должни да ги почитуваат прописите поврзани со јавниот ред и мир, како и дозволените нивоа на бучава.

Граѓаните кои ќе забележат прекумерна бучава по дозволеното работно време можат да ја пријават до овластениот инспектор за животна средина во својата општина, кој е надлежен да постапува по ваквите пријави.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Амфенол технолоџи Македонија организира екоакција по повод Светскиот ден за заштита на животната средина

По повод Светскиот ден за заштита на животната средина – 5 Јуни, в петок, 5 јуни, со почеток во 13 ч., Амфенол технолоџи Македонија ќе реализира екоакција во Кочани, на потегот од Железничката станица, зад пругата и дел од дворот на ООУ „Никола Карев“, до маркетот Кипер. Целта на настанот е да влијае на подигнување на

„Развој на бизнисот преку развој на човечките ресурси“ во Прогесив академија на Винчини…

Во организација на Прогресив Академија на Винчини, денеска во Виница се одржа лидерската конференција на тема „Развој на бизнисот преку развој на човечките ресурси“, настан кој собра менаџери, претприемачи, професионалци и претставници од бизнис секторот. Конференцијата беше посветена на значењето на инвестицијата во човечкиот капитал како еден од клучните фактори за успешен и одржлив развој

На 5 јуни во Кочани – акција за собирање текстилен отпад

По повод 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина, в петок, 5 јуни 2026 година, во 10 ч., во ОУ „Свети Кирил и Методиј“, Општина Кочани и Здружението „Синтезис“ од Кочани, организираат акција за собирање текстилен отпад. Акцијата има цел да ја потсети јавноста дека текстилниот отпад не треба да се меша со комуналниот