СВР Штип:15-годишник возел мопед без дозвола, 16-годишник нападнат по расправија во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 02.06.2026 околу 22:00 часот на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани,  полициски службеници од ОВР Кочани лишија од слобода 15-годишен малолетник од Кочани.

При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле мопед „априлија“  со кочански регистарски ознаки, кој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.

Мопедот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 02.06.2026 во 14:30 часот во ОВР Кочани, 16-годишник од Кочани пријави дека на 01.06.2026 околу 21:00 часот на  ул.„Гроздан Трифунов“ во Кочани, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од С.Ј.(31), М.С.(56) и С.С.(49), сите од Кочани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Кочани се одржа настанот „Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“

Мирисите на шпанската и македонската кујна денеска се споија во Кочани, каде што се одржа гастрономскиот настан „Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“. Настанот привлече бројни посетители кои имаа можност да проследат кулинарски презентации и да дегустираат специјалитети подготвени од кочански ориз и традиционални шпански рецепти. Централно место во програмата имаше шпанскиот кулинарски

Се бараат работници за работа во оранжерии

Се бараат одговорни и вредни работници за работа во оранжерија. Опис на работата: Берба и сортирање на зеленчук Одржување на растенијата Садење и други тековни активности во оранжеријата Нудиме: Редовна и сигурна плата Пријатна работна атмосфера Можност за долгорочно вработување Локација: Долни Подлог За повеќе информации и пријавување јавете се на:  075-714-987 Оранжерија „Зелена Куќа“

Новиот затворен градски пазар во Виница официјално започна со работа

Новиот затворен градски пазар во Виница денеска официјално е ставен во функција и им стои на располагање на граѓаните, земјоделските производители и трговците. Објектот овозможува современи и функционални услови, поголема хигиена, безбедност и комфор, како за закупувачите така и за граѓаните. -Новиот затворен пазар претставува значајна инвестиција за нашата општина и уште едно исполнето ветување