Во Кочани се одржа настанот „Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Мирисите на шпанската и македонската кујна денеска се споија во Кочани, каде што се одржа гастрономскиот настан „Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“.

Настанот привлече бројни посетители кои имаа можност да проследат кулинарски презентации и да дегустираат специјалитети подготвени од кочански ориз и традиционални шпански рецепти.

Централно место во програмата имаше шпанскиот кулинарски експерт Луис Аруфат, кој пред присутните ги демонстрираше техниките и специфичностите на шпанската гастрономија.

Преку подготовката на повеќе јадења, тој ја истакна вредноста на квалитетните локални производи и размената на кулинарски искуства меѓу различни култури.

Настанот се одржа на Летната сцена при Центарот за култура „Бели мугри“ и понуди можност за запознавање со гастрономските традиции на двете земји.

Организаторите оценија дека ваквите средби придонесуваат за промоција на локалните производи, но и за зајакнување на културната соработка преку универзалниот јазик на храната.

„Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“ се реализираше со поддршка на Амбасадата на Шпанија и Општина Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се бараат работници за работа во оранжерии

Се бараат одговорни и вредни работници за работа во оранжерија. Опис на работата: Берба и сортирање на зеленчук Одржување на растенијата Садење и други тековни активности во оранжеријата Нудиме: Редовна и сигурна плата Пријатна работна атмосфера Можност за долгорочно вработување Локација: Долни Подлог За повеќе информации и пријавување јавете се на:  075-714-987 Оранжерија „Зелена Куќа“

Новиот затворен градски пазар во Виница официјално започна со работа

Новиот затворен градски пазар во Виница денеска официјално е ставен во функција и им стои на располагање на граѓаните, земјоделските производители и трговците. Објектот овозможува современи и функционални услови, поголема хигиена, безбедност и комфор, како за закупувачите така и за граѓаните. -Новиот затворен пазар претставува значајна инвестиција за нашата општина и уште едно исполнето ветување

Вечерва во „Бели мугри“ промоција на книгата „Мила и Таро“ од Александра Младенов

Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на промоцијата на книгата МИЛА И ТАРО на роднокрајната авторка. Александра Младенов. Модератор и рецензент на книгата е Ивана Атанасова. Книгата е интерактивна сликовница и боенка во која Мила и нејзината желка Таро не водат на волшебно патување низ вежби и движења и е