Новиот затворен градски пазар во Виница денеска официјално е ставен во функција и им стои на располагање на граѓаните, земјоделските производители и трговците.
Објектот овозможува современи и функционални услови, поголема хигиена, безбедност и комфор, како за закупувачите така и за граѓаните.
-Новиот затворен пазар претставува значајна инвестиција за нашата општина и уште едно исполнето ветување во насока на подобрување на условите за работа на продавачите и создавање поквалитетна и поуредена средина за сите посетители, изјави за нашево радио, виничкиот градоначалник, Митко Костадиновски, денеска при посетата на објектот.
-Им посакувам успешна работа на сите закупувачи и многу задоволни посетители, додаде Костадиновски.
За него, новиот затворен пазар веќе е гордост на Виница и место кое ќе придонесе за понатамошен развој на Општината.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









