„Спортски игри за млади – Плазма“ ќе се одржат и во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес и Кавадарци, спортскиот караван пристигнува во Прилеп на 3 јуни (среда), со почеток во 10:00 часот на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, градот ќе биде домаќин на зонските натпревари во рамките на проектот „Спортски игри за млади – Плазма“, најголемата спортско-едукативна манифестација за деца и млади.
На спортските терени своите вештини, спортски дух и натпреварувачки способности ќе ги покажат ученици од основните училишта од општините Прилеп, Долнени, Демир Хисар, Кривогаштани и Крушево, кои преку дружење, фер-плеј и тимска игра ќе испратат силна порака за значењето на спортот во правилниот развој на младите генерации.
Дечињата се натпреваруваат 10 атрактивни спортски дисциплини: Coca-Cola Cup – турнир во мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика во рамките на „Денот на спортот“, како и баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.
Настанот е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Сојузот за училишен спорт на Општина Прилеп, а се реализира под покровителство на Општина Прилеп и Министерството за спорт.

Плазма Спортските игри за млади се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и, за првпат, во Македонија. Целта е промовирање здрав начин на живот, пријателство и заедништво, а најважно е што учеството е целосно бесплатно за сите деца.

По квалификациските натпревари, следуваат регионални и национални првенства, додека најдобрите тимови и поединци ќе се натпреваруваат на големото меѓународно финале во Сплит (17–22 август), каде што ќе ја претставуваат својата земја и ќе се дружат со врсници од регионот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Зафат за пофалба, се реновира амфитеатарот во Варош – ако не го чуваме ќе исчезне

Се заменуваат дрвените штафни на клупите на трибинскиот дел, се чистат и преуредуваат плочките, а се планираат и други зафати за да се создаде простор кој ќе биде живо срце на културните случувања –  вака започна уредувањето на амфитеатарот во Варош, кој деновиве потврди и докажа дека е одлучен урбан...

Советот на Општина Прилеп го донесе Општински енергетски план за 2027 година

На вонредна седница, Советот на општина Прилеп го донесен Општински енергетски план за 2027 година, чија цел е да се намалат трошоците за електрична енергија и да се преземат конкретни и издржани решенија за зголемување на енергетската ефикасност во оппштината. Оваа точка предизвика низа дискусии. Се бараше да се достави...

Во киното Мис Стон документарен филм “Железна тврдина” базирана на случки на лица со психички нарушувања

НА 3-ТИ ЈУНИ во  20:00, Во киното„Мис Стон“ – Прилеп, ќе се одржи проекција на новиот филм во продукција на Пиреј Филм  “Железна тврдина – Филмска работилница”, во режија на Митко Панов. Актерската екипа е составена од штитениците на Центарот за Рехабилитацијана Психијатриската Болница во Демир-Хисар, заедно со гостите во...