Прилеп го одбележа Денот на згрижувачки семејства со апел дека секоје дете заслужува семејство

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По повод 1 јуни, Денот на згрижувачките семејства и Денот на детето, во организација на Центарот за згрижувачки семејства – Битола, МЦСР – Прилеп, со поддршка на општина Прилеп денеска во Прилеп се одржа настан се одржува настан за поддршка и промоција на згрижувањето како хумана форма на грижа за децата и поттик за нови згрижувачки семејства.

Згрижувачки семејстава од 10 градови од Пелгонискиот и Југозападниот регион, заедно со претставници на институции дискутираа за важност од оваа форма на грижа на децата, бидејќи како што истакнаа секое дете треба да расте во безбедна, стабилна и поддржувачка семејна средина, исполнета со љубов, внимание и сигурност.

„Од 60 згрижувачки семејства во Пелагонискиот регион, 25 се во Прилеп, што е уште една причина плус, за потик на наши сограѓани кои имаат можности и услови, да станат згрижувачки и да станат хумани. Државата финансиски ги помага згрижувачките семејства и ова е едно од најхуманите дела кои може да се направи затоа што секоје дете заслужува да биде во семејство, место во кое ќе му биде пружена љубов и ќе грижа за правилен развој. Прилеп сериозно работи на социјалната политика и заштита на ранливите категории граѓани. Направивме згрижувачки центри за деца со посебни потреби, креиравме Центар за активно старење, во програмата одвојуваме средства и даваме поддршка за новороденчиња, поточно имаме едне цел пакет како што и е потребен на една урбана општина за грижа на своите граѓани.“, истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

„ Во двата региони, Пелагонискиот и Југозападниот регион, има 120 згрижувачки семејства во кои се згрижени 60 деца и возрасни. Само со заедничка соработка на локално ниво и со стручна поддршка на центрите за социјална работа може да се унапреди згрижувањето и да го направиме поквалитетно замена за биолошкото семејство, “ истакна Јасмина Колчакоска , од Центарот за згрижувачки семејства – Битола.

Организаторите упатија и апел до граѓаните да се информираат за можностите за згрижување и да се вклучат во оваа хумана мисија која има директно влијание врз животот на децата без родителска грижа, бидејќи сеуште има потреба од 20/30 згрижувачки семејства за деца кои имаат потреба од дом, нагласија тие.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар, бензините минимално поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 3,84 проценти во однос на претходната одлука од 26 мај 2026 година. Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се намалуваат за 6,50 денари...

Започна продажбата на билетите за јубилејниот МТФ „Војдан Чернодрински“

Одбројуваме пет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Денеска уште на првиот ден од продажбата на влезници на билетарницата од Центарот за култура редица од вљубеници во театарот, заинтересирани за набавка на билети за фестивалот. За потребите на 60. МТФ „Војдан...

(ВИДЕО)-Прилепските боксери во одлично издание на 32-то државно првенство

На 30 и 31 мај 2026 година во ФФК спортската сала “МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ” во одлична организација се одржа 32то државно првенство во бокс во организација на Македонската Боксерска Федерација и боксерскиот клуб Аперкат од Скопје. Од боксерскиот клуб “АС” од Прилеп учествуваа 7 боксери. Во У15 кадетска конкуренција настапија: Амет...