Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар, бензините минимално поскапуваат

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 3,84 проценти во однос на претходната одлука од 26 мај 2026 година.

Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се намалуваат за 6,50 денари по литар, додека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар.

Во пресметката е вклучено и намалувањето на акцизите за два денара по литар кај дизелот и бензините.

Од полноќ, односно од 00:01 часот на 2 јуни, ќе важат следните максимални малопродажни цени:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 88 денари за литар

ЕУРОСУПЕР БС-98 – 90 денари за литар

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 денари за литар

Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 87,50 денари за литар

Мазут М-1 НС – 47,906 денари за килограм

Цената на мазутот е намалена за 3,238 денари по килограм.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп го одбележа Денот на згрижувачки семејства со апел дека секоје дете заслужува семејство

По повод 1 јуни, Денот на згрижувачките семејства и Денот на детето, во организација на Центарот за згрижувачки семејства – Битола, МЦСР – Прилеп, со поддршка на општина Прилеп денеска во Прилеп се одржа настан се одржува настан за поддршка и промоција на згрижувањето како хумана форма на грижа за...

Започна продажбата на билетите за јубилејниот МТФ „Војдан Чернодрински“

Одбројуваме пет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Денеска уште на првиот ден од продажбата на влезници на билетарницата од Центарот за култура редица од вљубеници во театарот, заинтересирани за набавка на билети за фестивалот. За потребите на 60. МТФ „Војдан...

(ВИДЕО)-Прилепските боксери во одлично издание на 32-то државно првенство

На 30 и 31 мај 2026 година во ФФК спортската сала “МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ” во одлична организација се одржа 32то државно првенство во бокс во организација на Македонската Боксерска Федерација и боксерскиот клуб Аперкат од Скопје. Од боксерскиот клуб “АС” од Прилеп учествуваа 7 боксери. Во У15 кадетска конкуренција настапија: Амет...