Започна продажбата на билетите за јубилејниот МТФ „Војдан Чернодрински“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Одбројуваме пет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Денеска уште на првиот ден од продажбата на влезници на билетарницата од Центарот за култура редица од вљубеници во театарот, заинтересирани за набавка на билети за фестивалот.

За потребите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“, билетарницата во НУЦК „Марко Цепенков“ ќе работи од 10:00 – 14:00 и од 17:00 – 21:00 во периодот од 1 до 12 јуни.

Организаторите годинава одлучија електронската и физичката продажба на билетите да ги ограничи на четири билети по лице за претстава.

Освен продажбата на билетарницата во Цепенков, дел од билетите се пуштени во онлајн-продажба од 28 мај преку системот karti.com.mk.
За дел од претставите што се на мала сцена или се играат на самата сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе бидат пуштени само одреден број влезници во продажба.
Јубилејното издание на најстариот театарски фестивал во земјава ќе се реализира од 5 до 12 јуни на повеќе локации низ Прилеп.

На театарскиот фестивал Театар Комедија, селектиран со претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“, одлучи да не учествува на фестивалот годинава.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар, бензините минимално поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 3,84 проценти во однос на претходната одлука од 26 мај 2026 година. Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се намалуваат за 6,50 денари...

(ВИДЕО)-Прилепските боксери во одлично издание на 32-то државно првенство

На 30 и 31 мај 2026 година во ФФК спортската сала “МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ” во одлична организација се одржа 32то државно првенство во бокс во организација на Македонската Боксерска Федерација и боксерскиот клуб Аперкат од Скопје. Од боксерскиот клуб “АС” од Прилеп учествуваа 7 боксери. Во У15 кадетска конкуренција настапија: Амет...

🚴‍♂️„Педали и Приказни“ петта епизода и завршен настан во Прилеп 🎸

Проектот „Педали и приказни“ во Прилеп опфаќа серија настани за одржлива мобилност и уметност во реализација на Форум за Авангардна Креативност – Прилеп (ФАК) и NGO Go Green. Активностите се одвиваат повеќе од половина година помогнати од фондацијата HEARTEFACT, во соработка со Општина Прилеп, НУЦК Марко Цепенков, СОУ Ристе Ристески...