🚴‍♂️„Педали и Приказни“ петта епизода и завршен настан во Прилеп 🎸

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Проектот „Педали и приказни“ во Прилеп опфаќа серија настани за одржлива мобилност и уметност во реализација на Форум за Авангардна Креативност – Прилеп (ФАК) и NGO Go Green. Активностите се одвиваат повеќе од половина година помогнати од фондацијата HEARTEFACT, во соработка со Општина Прилеп, НУЦК Марко Цепенков, СОУ Ристе Ристески Ричко, СОУ Ѓорче Петров и CLS Equipment.

Во Прилеп – како и во многу други помали градови во Македонија – јавниот простор останува недоволно искористен како место за култура, слободен израз и граѓанска поврзаност. Културните настани главно се одвиваат во затворени, институционализирани формати, што исклучува многу граѓани, особено млади луѓе уметници, надвор од системот и ги прави маргинализирани групи.

Воедно, вело-културата е недоволно развиена и сè уште не е препознаена како дел од одржливиот урбан живот, иако има потенцијал да ги поврзе луѓето со градот, со природата и едни со други. Проектот „Педали и приказни“ одговара на овие предизвици со тоа што ја отвора културата кон улицата, создава простор за дијалог, уметност и активизам и ја приближува до заедницата преку пристапен, одржлив и ангажиран формат.

Паралелно со активностите кои се одвиваа на плоштадот во центарот на градот и низ прилепските улици, учениците и нивните ментори во СОУ Ристе Ристески Ричко изработија мурал кој ќе биде презентиран пред прилепската јавност во последната епизода од проектот, на 3ти јуни 2026г.

Во рамките на петтата епизода, во среда на 3ти јуни 2026г, граѓаните на Прилеп ќе можат да бидат дел од завршниот настан на проектот и да учествуваат во следните активности :

12:00 Плоштад „Александрија“ – почеток на критична маса

12:00 СОУ „Ристо Ристески-Ричко“ – почеток на главниот настан со диџеј-сет на ученици од СОУ „Ѓорче Петров“

12:30 Пристигнување на критичната маса во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

12:45 Кратко обраќање на реализаторите и поддржувачите на проектот и официјално откривање на муралот

13:10 Музичка програма со настап на училишниот бенд пред СОУ „Ристо Ристески-Ричко“

14:00 Вело-кино во спортската сала на СОУ „Ристо Ристески-Ричко“

14:30 Панел-дискусија со присутните

15:00 Завршување на настанот

Ве охрабруваме да ги стартувате своите велосипеди и да бидете дел од завршните активности на проектот „Педали и приказни“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Започна продажбата на билетите за јубилејниот МТФ „Војдан Чернодрински“

Одбројуваме пет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Денеска уште на првиот ден од продажбата на влезници на билетарницата од Центарот за култура редица од вљубеници во театарот, заинтересирани за набавка на билети за фестивалот. За потребите на 60. МТФ „Војдан...

(ВИДЕО)-Прилепските боксери во одлично издание на 32-то државно првенство

На 30 и 31 мај 2026 година во ФФК спортската сала “МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ” во одлична организација се одржа 32то државно првенство во бокс во организација на Македонската Боксерска Федерација и боксерскиот клуб Аперкат од Скопје. Од боксерскиот клуб “АС” од Прилеп учествуваа 7 боксери. Во У15 кадетска конкуренција настапија: Амет...

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на...