Од крајот на јуни стартува меѓуградскиот воз Прилеп-Битола, наскоро и карго сообраќајот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска одговарајќи на новинарско прашање го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, истакнувајќи дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на патници и во транспортот на стоки.
Според Николоски, воведувањето на железничката линија е резултат на потребата од алтернативен и побрз превоз во периодот кога се реализира изградбата на автопатот Прилеп-Битола.

Имајќи предвид дека се гради автопатот Прилеп-Битола и дека се користи стариот пат, сметавме дека е добро да се воспостави еден меѓуградски воз. Интензивно работиме со двете железнички претпријатија за да се подготви инфраструктурата и особено патните премини и да се обезбедат возови со соодветна фреквенција. Можам да најавам дека на крајот на јуни, почетокот на јули, како што веќе ветивме, ќе биде воспоставена линијата помеѓу Прилеп и Битола“, изјави Николоски.

Тој посочи дека возот ќе сообраќа во термини кои најмногу ќе им одговараат на граѓаните, а цената на билетот ќе биде симболична, од 150 денари, за да можат што повеќе граѓани да го користат
Министерот најави и скоро започнување на карго железничкиот сообраќај кон Прилеп и Битола, нагласувајќи дека веќе постои сериозен интерес од компании за користење на железничкиот транспорт.

„Во Прилеп веќе има сериозен интерес од неколку компании да ја користат железницата како можност за сообраќај и транспорт. Тоа прво ќе помогне да се намали загадувањето, второ да ги заштитиме патиштата и трето да ја заживееме железницата“, истакна Николоски.

Тој додаде дека од страна на државните институции се преземаат сите неопходни активности за воспоставување на патничкиот и товарниот железнички сообраќај, а наскоро ќе остане компаниите да ја искористат можноста за транспорт на производи и суровини преку железница и да ги намалат своите трошоци.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на...

Десет натпревари десет победи за РК Прилеп – десетка за играта во плеј-аутот во македонската Супер лига

Ракометарите на Прилеп ја завршија сезоната во македонската Супер лига со победа на гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2, славејќи со 28-24 во последното коло од плеј-аутот. Дуелот во Битола беше пресметка на двата најдобри тима во плеј-аутот, но Прилеп уште еднаш потврди дека во овој дел од сезоната е најстабилниот...

Пријавете се за хуманитарната трка „Prilep run 2026″

Отворени се пријавите за хумантарната трка „Prilep run” 2026 која под мотото „Трка со срце“ ќе се случи на 14 јуни во Прилеп. Трката ќе започне од плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп. Пријавувањето за трката трае до 7 јуни, а тие што ќе се пријават до први јуни ќе...