Нов успех за виничкиот спорт и Кик-бокс клубот „Лидер“ на меѓународната сцена. Како дел од македонската кик-бокс репрезентација, натпреварувачите од клубот остварија забележителни резултати на Балканското првенство што се одржа во Нови Сад, Србија.
Ева Јанкулова го освои сребрениот медал во својата категорија, Лука Савев исто така се закити со сребрен медал, додека Филип Велинов се избори за бронзено одличје.
Освоените три медали претставуваат значаен успех за клубот, Виница и македонскиот кик-бокс, уште еднаш потврдувајќи дека младите спортисти од регионот успешно се носат со најдобрите натпреварувачи на Балканот.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









