Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни

 

Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни.

 

Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар.

 

Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и стопанството во целина. Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици.

 

Владата останува посветена на политики што носат реални придобивки за граѓаните и ќе продолжи активно да презема мерки за заштита на животниот стандард и зајакнување на економската сигурност.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Филмот за обновата на Споменикот на слободата во Кочани ќе има светска премиера во Шангај

Документарниот филм „Руини“ на македонската режисерка и визуелна уметница Елена Чемерска, што ја следи приказната за обновата на Споменикот на слободата во Кочани, ќе ја има својата светска премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Шангај. Остварувањето е избрано во официјалната документарна конкуренција на фестивалот, а првата проекција е закажана за 14 јуни. Филмот е инспириран

Полицијата приведе 29-годишна виничанка по напад врз мајка си

На 30.05.2026 година околу 13:00 часот, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода С.У. (29) од Виница, по пријава дека физички ја нападнала својата 51-годишна мајка со метален предмет, нанесувајќи и повреди. На повредената ѝ била укажана лекарска помош во Општата болница во Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, а по