Утревечер ОМУ „Ристо Јуруков“ организира концерт на наградените ученици 

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани кои во текот на учебната година освоија награди и признанија на натпревари и музички манифестации, утревечер ќе настапат на свечен концерт пред кочанската публика.

На концертот ќе бидат изведени дел од најуспешните музички настапи, а посетителите ќе имаат можност да го слушнат „најдоброто од најдобрите“ од учениците на музичкото училиште.

Концертот ќе се одржи утре со почеток во 19:00 часот во Мултикултурен центар Кочани.

Од училиштето упатуваат покана до сите љубители на музиката да присуствуваат и да ги поддржат младите таленти.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Уникатно гастрономско доживување во Кочани – „Шпански денови на вкусот“

На 3 јуни, Кочани ќе биде домаќин на гастрономскиот настан „Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“, кој се реализира под покровителство на Амбасадата на Шпанија и Општина Кочани. Градот препознатлив по својот автентичен кочански ориз ќе биде местото каде локалната традиција ќе се спои со богатството на шпанската гастрономија, во ден исполнет со вкусови,

Отворени денови во двете средни училишта во Кочани

Во двете средни училишта во Кочани денеска се одржуваат отворени денови, на кои идните средношколци имаат можност директно да се запознаат со условите, наставните програми и струките што ги нудат училиштата. Активностите продолжуваат и во наредните два дена, кога организирано ќе ги посетуваат ученици од основните училишта од Кочани, Оризари, Чешиново-Облешево и Зрновци. Во СОУ

МВР со информација во врска со сообраќајната несреќа

Четириесет и двегодишен мотоциклист загина во тешка несреќа на патот Штип-Делчево, соопшти СВР Штип. Според информациите, несреќата се случила синоќа кога мотоциклистот се судрил со товарно возило. На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило