Уникатно гастрономско доживување во Кочани – „Шпански денови на вкусот“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
На 3 јуни, Кочани ќе биде домаќин на гастрономскиот настан „Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“, кој се реализира под покровителство на Амбасадата на Шпанија и Општина Кочани.
Градот препознатлив по својот автентичен кочански ориз ќе биде местото каде локалната традиција ќе се спои со богатството на шпанската гастрономија, во ден исполнет со вкусови, знаење и културна размена.
Посебен гостин на настанот е шеф Луис Аруфат, шпански кулинарски експерт со богато меѓународно искуство, кој зад себе има соработка со едни од најзначајните имиња и институции во светската гастрономија.
Посетителите ќе имаат можност да проследат презентација на кулинарските можности на кочанскиот ориз, подготовка на традиционални шпански рецепти и да бидат дел од едно навистина посебно гастрономско искуство што ги поврзува македонската и шпанската култура преку храната.
Ве очекуваме заедно да уживаме во ден каде вкусовите ги поврзуваат традициите!

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворени денови во двете средни училишта во Кочани

Во двете средни училишта во Кочани денеска се одржуваат отворени денови, на кои идните средношколци имаат можност директно да се запознаат со условите, наставните програми и струките што ги нудат училиштата. Активностите продолжуваат и во наредните два дена, кога организирано ќе ги посетуваат ученици од основните училишта од Кочани, Оризари, Чешиново-Облешево и Зрновци. Во СОУ

Утревечер ОМУ „Ристо Јуруков“ организира концерт на наградените ученици 

Учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани кои во текот на учебната година освоија награди и признанија на натпревари и музички манифестации, утревечер ќе настапат на свечен концерт пред кочанската публика. На концертот ќе бидат изведени дел од најуспешните музички настапи, а посетителите ќе имаат можност да го слушнат „најдоброто од најдобрите“ од учениците на музичкото

МВР со информација во врска со сообраќајната несреќа

Четириесет и двегодишен мотоциклист загина во тешка несреќа на патот Штип-Делчево, соопшти СВР Штип. Според информациите, несреќата се случила синоќа кога мотоциклистот се судрил со товарно возило. На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило