Познати стадионите за баражите за Втора лига: Кочани домаќин на Кожув – Борец

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Познати се стадионите на кои ќе се одиграат бараж натпреварите за пополнување на местата во Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2026/2027.

На 30 мај ќе се одиграат три средби со почеток од 16:30 часот. Во Кратово силите ќе ги одмерат Каменица Саса и Еуромилк ГЛ, на Градскиот стадион во Кочани ќе се сретнат Кожув Гевгелија и Борец Велес, додека во Штип ќе играат Победа Валандово и Камјани.

Последниот бараж натпревар е закажан за 31 мај на стадионот во Ѓорче Петров, каде ќе се соочат Тетекс Тетово и Влазними Струга.

Сите натпревари ќе започнат во 16:30 часот.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Домашното производство под притисок: Земјоделците бараат фер пазар и контрола на увозот

Земјоделците алармираат дека проблемот не е само во увозот, туку и во слабите контроли и неправилното декларирање на производите на пазарите. Според нив, дел од увезената стока се препродава како домашна, со што се оштетуваат локалните производители и потрошувачите. Економистите посочуваат дека увозот е нормален дел од пазарот, но проблемот настанува кога нема доволна инспекција,

37-годишник од виничко и неговата мајка осомничени за напад врз 22-годишна жена

Триесет и седумгодишен жител на виничко село е приведен откако бил пријавен за физички напад врз неговата 22-годишна сопруга. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за лицето Н.П., кој, според пријавата, заедно со неговата мајка физички ја нападнал сопругата. По пријавата, полициски службеници презеле мерки и активности, при што лицето било лишено

Свежо цвеќе и почит за сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

  Во рамките на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите солунски браќа Кирил и Методиј, денеска пред споменикот на големите учители во дворот на ООУ „Свети Кирил и Методиј“ беше положено свежо цвеќе.     Почит кон рамноапостолите и основоположниците на словенската писменост оддадоа градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, директорот на