Храмот „Свети Кирил и Методиј“ – Параклис , кои со гордост го носи името на сесловенските пресветители, денеска со Светата Божествена Архиерејска Литургија, посветена на споменот на Свети Кирил и Методиј, со која чиноначалствуваште Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола и прилепските свештенослужители, го одбележан празникот Св.Кирил и Методиј, во чест на двајцата браќа кои со нивната просветителска мисија ги обединија словенските народи, создавајќи ја сесловенската азбуката и предведувајќи ги духовните книги на разбрирлив сесловенски јазик.
На денешната Света литургија во чест на Св. Кирил и Методиј присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски кој по овој повод им го честита празникот на прилепчани 24 Мај , Денот на светите браќа Кирил и Методиј.
Денеска со гордост и длабока почит, се навраќаме кон делото на сесловенските просветители кои му дадоа духовна и културна сила на словенскиот свет. Тие му подарија на народот можност да учи, да се просветлува и да го слуша Божјото слово на свој, разбирлив јазик. Токму затоа, нивното дело и денес претставува темел на нашето образование, култура и национален идентитет. Македонскиот јазик, писменоста и просветата се богатство кое мораме да го чуваме и да го пренесуваме на идните генерации. Во време на брзи промени, токму образованието и културата се најсилниот чувар на нашата самобитност и достоинство. Вечна нека е нивната просветителска мисија и светлината што ја оставија зад себе.
, истакна Проданоски.
Во духот на 24 Мај -Денот на сесловенските просветители, делото на Светите браќа Свети Кирил и Свети Методиј останува едно од највеличествените цивилизациски наследства во македонската, словенската и европската историја.
Нивната мисија, родена во деветтиот век, не била само духовна и христијанска, туку и длабоко просветителска, културолошка и човечка. Таа претставувала пресвртница што засекогаш го променила духовниот и културниот развој на словенските народи, отворајќи им го патот кон писменоста, образованието и сопствениот духовен израз.
Нивното наследство и денес е обединувачка вредност за словенските народи и за Европа. Тоа нè потсетува дека културите не се создадени за да се разделуваат, туку за да се поврзуваат преку заемна почит, духовност и просветителство. Во таа смисла, Светите Кирил и Методиј не се само историски личности, туку се вечен симбол на словото, просветата и духовната слобода.









