(ГАЛЕРИЈА)Отворена фото изложбата „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По повод големиот национален празник во чест на светите браќа Кирил и Методиј во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани денеска беше отворена изложбата на фотографии од Богоја Бојчески под наслов „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“ во присуство на градоначалникот на Општина Кривогаштани Игор Каравилоски, претставници од Фото сојузот на Македонија, членови на семејството Бојчески, сограѓани, пријатели, роднини. Домаќин на изложбата е невладината организација „Урбано гнездо“ во партнерство со Фото Архивот Кривогаштани.

Повод фото изложбата е 75 години од раѓањето на Богоја Бојчески (1951 – 2020) фотограф од Кривогаштани кој со својата љубов кон фотографијата и ентузијам создал богато и вредно творештво кое што говори за животот, настаните и традициите во Кривогаштани. Изложени беа 30 тина фотографии во црно бела техника од спортскиот, културниот и секојдневниот живот од локалната заедница, при што секоја од нив говори своја приказна од 60 тите и 70 тите години од минатиот век.

Настанот беше збогатен со настап на виолинистката Марија Јанчулеска со композиции од Јохан Себастијан Бах и Антонио Лучо Вивалди и народната македонска „Јовано, Јованке“, а посетителите можеа да го видат и портретот на Бојчески видат изработен од коса од Светлана Зуљамоска Грозданоска.

„Богоја Бојчески е најавтентичен фотограф од Кривогаштани. Тој остави богат материјал но, остана заборавен. Ние сосема случајно, по неговата смрт, со неговата ќерка Даниела почнавме да ја истражуваме таа архивска збирка и наидовме на многу интересен материјал. Но, сакавме да се обратиме и до Фото Сојузот на Македонија да дадат свое стручно мислење дали ова автентично богатство би било соодветно да се изложи на пошироката публика не само во Кривогаштани, туку и во цела Македонија. Нашите истражувања покажуваат и постоење на филмови, не само испечатени фотографии. Така што тоа е нов предизвик да се дигитализира тој материјал, таму може ќе најдеме и други кои што не се испечатени слики, рече проф. Георги Гоце Дуртаноски, пријател на семејството Бојчески и еден од иницијаторите за изложбата.  

Љубовта кон фотографијата на Бојчески започнала кога го добил првиот фото апарат, за потоа и професионално да се надогради во Битола со уверение за стручна занаетчиска дејност – фотограф.

„Како мало дете цело време го следев како мојот татко со љубов ги изработуваше фотографиите. Се сеќавам на многу настани. Јас бев секогаш прва придружба каде што фотографираше. Студиото се викаше „Светлост“. Денеска се толку многу емоции собрани и радост и тага. Мојот татко живее секогаш, ние фамилија и јас лично допатував за овој настан благодарение на нашиот Гоце Дуртаноски и многу се радувам што искрено нашиот проект се реализира денеска овде меѓу моите сограѓани за овој настан. Фотографиите во овие неколку недели не’ вратија во нашето детство во минатото“, рече неговата ќерка Даниела Бојческа која што живее и работи во Австрија. 

Македонија има богатство кога станува збор за фотографијата, таа била од секогаш присутна тука, во своето обраќање пред присутните посочи Александар Кондев, фотограф, доајен на уметничката фотографија, потпретседател на Фото Сојузот на Македонија.

„Ова е прв пат на убав начин да видам во едно село да се направи една вака убава изложба и вака организирано собирање на материјалот. Богоја оставил визуелна трага за генерациите кои доаѓаат што било и како било во селото. Гледаме театарски претстави, луѓе работат во поле, спортски натпревари и тоа е културата, традицијата на овој простор. Јас им предложив да го дигитализираме материјалот по архивски принцип и да биде ставен во светската мрежа и кога некој ќе пребарува да добие полна слика за творештвото,“ рече Кондев кој што денеска одржа и работилница со членовите на Фото Архивот од Кривогаштани. 

Градоначалникот Игор Ковилоски во своето обраќање се осврна на творештвото на Бојчески за кое рече дека е огледало на колективната меморија на локалната заедница и  и ‘врачи благодарница на сопругата на Бојчески.

Фото изложбата „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“ во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани ќе биде отворена до 3 ти јуни.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Нов безбеден кров на училишната спортска сала при ООУ „Климент Охридски„ – Прилеп

Спорската сала на ООУ Климент Охридски – Прилеп доби нов кров. Реконстуркцијата е реализирана со финаисика помош на Министерството за образование и наука, кое ја препозна важноста на овој објект што значително се подобрени условите за одвивање на воспитно-образовниот процес во училиштето во делот на физиката наобразба на учениците. Проектот...

Во Прилеп во храмот кој го носи името на сесловенските просветител Кирил и Методиј одадена почит на просветителите

Храмот „Свети Кирил и Методиј“ – Параклис , кои со гордост го носи името на сесловенските пресветители, денеска со  Светата Божествена Архиерејска Литургија, посветена на споменот на  Свети Кирил и Методиј, со која чиноначалствуваште Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола и прилепските свештенослужители,  го одбележан...

(ВИДЕО + ФОТО) Бутик МОNО нова модна дестинација со префинете естетски паричиња за сите

Новоотворениот бутик МОNО – во Прилеп, прекрaсно дизајниран и впечатлив, со локција – прилепекси плоштад, наспрот споменикот Крали Марко, ќе мора задолжително да го посетите ако  барате, за Вас и за Вашето семејство колекции со јасно изразен естетски потпис и за различни пригоди. Без разлика дали станува збор за минималистички...