Во Кочани за првпат се одржа „Детска олимпијада“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На спортските терени во ОУ „Никола Карев“ за првпат се одржа „Детска Олимпијада“ на која учествуваа децата од средните и големите групи од Детска градинка „Павлина Велјанова“.

Преку игра, дружење и спортски активности, најмладите се натпреваруваа во повеќе дисциплини како влечење јаже, скокање во вреќа, трчање и други забавни игри.

Целиот настан помина во весела атмосфера, исполнета со насмевки, навивање и детска радост.

За учеството и покажаниот спортски дух, на сите им беа доделени медали како спомен од Олимпијадата.

Поддршка од трибините дадоа голем број родители, баби и дедовци, кои со аплаузи ги бодреа учесниците во текот на сите активности

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пуштена во употреба фонтаната ,,Зрно”…

Пуштена во употреба фонтаната ,,Зрно”…

Амбасадорката на Кина, Џијанг Ксијаојан во посета на Општина Виница…

Амбасадорот на Народна Република Кина во земјава, Н.Е. Џијанг Ксијаојан, оствари официјална посета на Општина Виница, при што реализираше средба со градоначалникот Митко Костадиновски. На состанокот се разговараше за можностите за продлабочување на соработката, локалниот развој и идни заеднички иницијативи. Во рамки на посетата, амбасадорката ги посети Основното училиште „Славчо Стојменски“, Локалниот археолошки музеј „Теракота“