Убава и пријатна музичка атмосфера попладнево во централното градско подрачје.Учениците од Општинското основно музичко училиште „Ордан МИхајлоски – Оцка ” , на несекојдневен но многу креативен начин, со концерт кај градскиот саат се претставија пред прилепчани.Се чини дека „2 ДЕНА НА 3 ЛОКАЦИИ ” е убава можност односно идеја која предизвика голем интерес и кај сите љубители на музиката.Радио Пела во продолжение ви ја доловува и атмосферата од овој прв од предвидените три концерти на отворено.
СРЕДА 20.05.2026
17:00 ч Градски часовник
17:15 ч Камена бина
17:30 ч Парк кај судот
ЧЕТВРТОК 21.05.2026
17:00 ч Градски часовник
17:00 ч Камена бина
17:00 ч Могила на непобедените (амфи театар)









