Архиепископот Стефан доби копија од Привилегијата од Леополд Први од професорот Дуртаноски

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, денеска во својот кабинет оствари средба со проректор на Европската христијанска академија од Летонија професор Георги Гоце Дуртаноски од Рига. На средбата, професорот Дуртаноски му подари на Архиепископот реконструирана копија од Привилегијата дадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година.

Авторот на овој уникатен документ во калиграфски препис е проф. Георги Гоце Дуртановски. Со овој историски документ од 1690 година – Привилегија од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки дадена на Македонците, царот Леополд го прифатил барањето за заштита на Македонците од турското ропство, барајќи од нив да се приклучат во борбата против заедничкиот непријател.

Ова е втора копија – првата професорот Дуртаноски ја подари на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова како највисока државна институција, а втората копија за највисоката црковна институција.

Извор: официјална страна на Македонска Православна Црква Охридска Архиепископија

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Два дена на три локации – одлична музичка атмосфера на отворено

Убава и пријатна музичка атмосфера попладнево во централното градско подрачје.Учениците од Општинското основно музичко училиште „Ордан МИхајлоски – Оцка ” , на несекојдневен но многу креативен начин, со концерт кај градскиот саат се претставија пред прилепчани.Се чини дека „2 ДЕНА НА 3 ЛОКАЦИИ ” е убава можност односно идеја која...

Од утре ќе биде нормализиран сообраќајот од Прилеп кон Плетвар со санацијата на Ленишкиот мост

Од утре ќе биде нормализиран сообраќајот од Прилеп кон Плетвар кој месец дена имаше измени поради санација на Ленишки мост. „Ве известуваме дека на 21.05.2026 (четврток) се воспоставува нормален режим на сообраќај поради завршување на санацијата на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, Плетвар-Прилеп.“...

(ВИДЕО)Форум „ЕкономиУМ“ – економската струка како двигател на општеството

Во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп – Економското училиште за прв пат се одржа Меѓународен средношколски форум „ЕкономиУм“ на кој учествуваа претставници од економски училишта од Македонија, од две училишта од Република Србија, од Сомбор и од Ниш, од Економскиот факултет, од компании со кои во практичната настава соработува училиштето,...