Пожарникарите од ТППЕ – Прилеп денеска преку показна вежба и презентација на противпожарната опремата со која располагаат, го одбележуваа 20-ти мај, Денот на македонските пожарникари, ден посветен на пожарникарите и нивната улога во заштитата на граѓаните и имотот.
Прилепчани, а пред се ученици од основните училишта имаат можност одблиску да се запознаат со возилата, опремата и да погледнат како пожарникарите спасуваат човек во неволја.
Младите се интересираа за секој детал, а пожарникарите несебично и гордо раскажуваа за својата професија, покажувајќи ја опремата и начинот како им помагаат на луѓето.
„Нашиот најголем благодет е да им помагаш на луѓето, а најголем предизвик да спасиш човечки живот. Од друга страна ова е опасна професија која бара внимателност, знаење и брзо делување, бидејќи секоја секунда, минута е значања за да се спаси имотот или човекот, но и да се вимава на споствениот живот“ рече командирот на ТППЕ – Прилеп, Виктор Стојчески.
Честитајќи им го празникот на пожарникарите, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски потенцира дека Прилеп прави напори и кадровски, и технички да им овозможи, на оваа
значења служба, да функционира поефикасно.
„Професијата пожарникар претставува повик што бара огромна храброст, дисциплина, одговорност и човечност. Тоа се луѓе кои реагираат таму каде што другите се повлекуваат, луѓе кои во најтешките моменти остануваат смирени и секогаш подготвени да помогнат. Нашата територијална противпожарна единица многупати досега покажала дека Прилеп има служба на која граѓаните можат целосно да се потпрат. Подготвеноста, организираноста и професионалниот пристап што го покажуваат се резултат на долгогодишна посветена работа, континуирана обука и искуство стекнато на терен.“ рече Проднаоски.
ТППЕ – Прилеп располага со 51 пожарникар, недоволно да ги покрие и двете општина Прилеп и Долнени, каде што делува, со релативно добра опрема, но секогаш недостиг на противпожарни возила и друга суфистицирана опрема за гаснење пожар.
За само 5 месеци од оваа година прилепските пожарникари имале повеќе од 350 интервенции.









