За Меѓународниот ден на музеите учениците од Блатец го посетија археолошкиот локалитет Русалински гробишта

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По повод 18 Мај – Меѓународен ден на музеите, учениците од петто одделение од ООУ „Кочо Рацин“ од Блатец стекнаа несекојдневно и едукативно искуство, посетувајќи го археолошкиот локалитет Русалински гробишта во село Виничка Кршла, каде што непосредно присуствуваа и симболично учествуваа во археолошко ископување.

-Оваа теренска посета беше реализирана со цел учениците одблиску да се запознаат со значењето на археологијата, културното наследство и зачувувањето на историските вредности. На локалитетот, стручната екипа од Музеј „Теракота“ во текот на месеците април и мај активно вршеше археолошки истражувања и ископувања, при што учениците имаа можност директно да го следат процесот на работа на археолозите, велат од музејот од Виница.

Низ интересно и интерактивно дружење, учениците научиле како се врши археолошко ископување, на кој начин се откриваат и документираат пронајдените предмети, како и тоа колку е важна прецизноста и трпеливоста во работата на археолозите. Стручните лица им објасниле дека секој откриен артефакт претставува значаен дел од минатото и непроценлив извор на информации за животот, традицијата и културата на луѓето кои живееле на овие простори во минатото.

-Особен интерес кај учениците предизвикаа самите археолошки наоди и можноста одблиску да ги видат алатките и методите што се користат при истражувањата. Тие со големо внимание ги следеа објаснувањата на археолозите, поставуваа прашања и покажаа искрена љубопитност и восхит кон оваа значајна научна дејност, соопштуваат од Музејот „Теракота“.

Посетата поминал во пријатна и работна атмосфера, исполнета со нови сознанија, дружење и практично учење. За учениците, според стручните луже на виничкиотмузеј,  ова претставувало незаборавно искуство преку кое не само што се  стекнати нови знаења, туку и се развива поголема свест за значењето на зачувувањето на културното и историското наследство.

-Со ваквите активности нашиот музеј и училиштето ги поттикнуваат учениците кон истражување, учење преку непосредно искуство и развивање љубов кон историјата, културата и науката, се наведува во денеска објавеното соопштението од Музејот „Теракота“ од Виница .

 

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЦК ,,Бели мугри” кани на концерт – вечер исполнета со звук, емоција и уметност со „Квартет саксофони“

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва во 19.30 часот ќе се одржи концертот „Квартет саксофони“. Настапатуваат Горан Кавраков, Славица Деспотова, Никола Темелков и Даме Камчев. -Уникатен музички настан  на кој четири саксофони ќе создадат магична атмосфера низ познати мелодии, современи аранжмани и безвременски композиции.Подгответе се за вечер исполнета со моќен звук, елегантна

В сабота петти крос „Младите трчаат“ во чест на Васе Ангелов

В сабота, 23 мај, Општина Зрновци и Локалниот младински совет по петти пат ќе го одржат традиционален урбано-ридски крос „Младите трчаат“. Тркат е во чест и сеќавање на  прерано починатиот жител на Зрновци, Васе Ангелов. Настанот се планира да почне во 10 часот, а еден час претходно е пријавувањето за учество. Трката ќе стартува од

Матурско дефиле на СОУ „Љупчо Сантов“

За 134 ученици од двете струки во СОУ „Љупчо Сантов“ вечерва беше означен крајот на учебната година. На прославата по повод матурската вечер, организирано со класните раководители,  матурантите влегуваа во училишната зграда каде што  го одржаа  последниот класен час. Пред заминување на забавата, матурантите продефилираа во дворот на училиштето со своите класни раководители по што