Митрополитот Иларион го освети манастирот „Св. Димитриј“ во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во населбата Трајаново Трло денеска свечено беше осветен новоизградениот манастир „Св. Димитриј Солунски“.

Чинот на осветувањето и Светата архиерејска литургија ги предводеше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со свештенослужителите од Кочанското архиерејско намесништво.

На свеченоста присуствуваа голем број верници, кои со молитва и духовна радост го одбележаа овој значаен ден за православните христијани.

Манастирот „Св. Димитриј Солунски“ започна да се гради во 2022 година, со благослов на Брегалничката епархија.

Неговата изградба беше реализирана од страна на Црковниот одбор на храмот, со поддршка и донации од бројни граѓани и стопанственици, кои придонесоа ова свето место да стане духовен дом за верниците од регионот.

Осветувањето на манастирот претставува значаен духовен настан и уште еден симбол на заедништвото, верата и традицијата во Кочани и околината.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЌЕ СЕ ГРАДИ ДОЛГОНАЈАВУВАНИОТ ЕКСПРЕСЕН ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА -ДЕЛЧЕВО

Изградбата на овој пат ја најави премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Виница. ремиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности за реализација на нов инфраструктурен проект, експресниот пат Кочани–Виница–Делчево, кој, како што рече, со години бил ветуван, а сега влегува во фаза на подготовка. – Следната недела ќе биде распишан, јавен повик за изработка на физибилити

Костадиновски : Виница и регионот конечно добија нов, модерен и затворен Градски пазар

После подолг временски период, а по интензивирање на градежните работи последните половина година дена конечно граѓаните на Општина Виница, но и на околните градови и населени места, добија нов модерен затворен градски пазар. Затворениот градски пазар e лоциран на вкупна површина од 1810 м2, со дуќани за продажба на овошје и зеленчук, млечни и месни

На 18 мај во 12 часот изложба на карикатури од ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС

Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отворањето на iзложбата на карикатури од Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS 2025. Отварањето на изложбата е закажано за 18.05.2026 година ( понеделник ), во 12 часот во Салон „ Фоаје 2“. Изложбата е дел од проектот „ Преземање изложби за