Костадиновски : Виница и регионот конечно добија нов, модерен и затворен Градски пазар

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
После подолг временски период, а по интензивирање на градежните работи последните половина година дена конечно граѓаните на Општина Виница, но и на околните градови и населени места, добија нов модерен затворен градски пазар.
Затворениот градски пазар e лоциран на вкупна површина од 1810 м2, со дуќани за продажба на овошје и зеленчук, млечни и месни производи, административна просторија, санитарни јазли и 87 челични продажни пултови (тезги).
За изградбата на градскиот пазар беа потрошени 24 милиони денари и сите беа обезбедени и истовремено целосно исплатени на изведувачите од Буџетот на Општина Виница.
Покрај изградбата на затворениот градски пазар извршивме и партерно уредување на просторот околу градскиот пазар во кој беше опфатено демонтажа на дотраената постоечка ограда и подни обработки, поставување на нова метална ограда околу градскиот пазар и нова хидроизолациона подна обработка, поставување на челични продажни пултови (тезги) за потребите на градскиот пазар, обложување на потпорните ѕидови со декоративен камен и поставување на клупи за седење.
За партерното уредување дополнително беа потрошени 8,5 милиони денари од кои 7 милиони денари беа обезбедени од Министерство за транспорт и 1,5 милиони денари од Буџетот на Општина Виница.
Покрај овој капитален проект денес извршивме увид на улицата „Ванчо Прке“ која ја поврзува Виница со населба и село Градец, на која целосно беше реконструирана водоводната мрежа во должина од 558 метри и канализационата мрежа во должина од 543 метри.
Финансиските средства за овој проект изнесуваат вкупно 11,5 милиони денари и се обезбедени од Министерството за животна средина и Министерството за транспорт.
И за крај направивме увид на главната улица во село Градец и крак кон црквата во селото, инаку тоа е улица која премиерот при посета на село Градец уште пред да стапи на функцијата премиер им ја вети на жителите на село Градец.
Целосната реконструкција на главната улица во село Градец е во должина од 630 метри и кракот од истата е во должина од 220 метри.
Финансиските средства за овој проект изнесуваат 7,5 милиони денари и се обезбедени преку повикот на Владата за инфраструктурни проекти за општините од Министерство за транспорт.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Митрополитот Иларион го освети манастирот „Св. Димитриј“ во Кочани

Во населбата Трајаново Трло денеска свечено беше осветен новоизградениот манастир „Св. Димитриј Солунски“. Чинот на осветувањето и Светата архиерејска литургија ги предводеше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со свештенослужителите од Кочанското архиерејско намесништво. На свеченоста присуствуваа голем број верници, кои со молитва и духовна радост го одбележаа овој значаен ден за православните

На 18 мај во 12 часот изложба на карикатури од ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС

Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отворањето на iзложбата на карикатури од Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS 2025. Отварањето на изложбата е закажано за 18.05.2026 година ( понеделник ), во 12 часот во Салон „ Фоаје 2“. Изложбата е дел од проектот „ Преземање изложби за

Кочанчанец учествуваше на Меѓународен гастро фестивал во Ниш и го освои високото второ место !!!

Нашиот сограѓанин Глигор Мишев учествуваше на 13-тиот по ред гастро фестивал во Ниш, со натпреварувачки карактер. Во конкуренција на голем број натпреварувачи и 30 екипи од Србија, Грватска, Словенија и Македонија, го освои високото второ место и сребрениот медал. Комитска манџа со јагнешко месо ги плени срцата и стомакот на претставниците на жири комисијата и