Членови на ДПД и ТППЕ Кочани беа дел од тридневна обука за гасење шумски пожари во Словенија

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Членови на ДПД и ТППЕ Кочани беа дел од тридневна специјализирана обука за гасење шумски пожари, што се одржа во Центарот за обука во Сежана, Словенија.
Активноста беше овозможена од страна на Дирекцијата за заштита и спасување.

Учесниците за Радио Кочани посочија:

Ова претставува значајна можност за нашите членови, преку која стекнавме нови знаења, практични вештини и разменивме искуства и современи методи за справување со шумски пожари. Наш приоритет и обврска во иднина ќе биде стекнатото знаење и искуство да го пренесеме на останатите колеги, со цел да изградиме целосно обучена и подготвена единица за справување со шумски пожари.
Инаку, в среда, 20 мај ќе го одбележат Денот на пожарникарите.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочанчанец учествуваше на Меѓународен гастро фестивал во Ниш и го освои високото второ место !!!

Нашиот сограѓанин Глигор Мишев учествуваше на 13-тиот по ред гастро фестивал во Ниш, со натпреварувачки карактер. Во конкуренција на голем број натпреварувачи и 30 екипи од Србија, Грватска, Словенија и Македонија, го освои високото второ место и сребрениот медал. Комитска манџа со јагнешко месо ги плени срцата и стомакот на претставниците на жири комисијата и

Се продава стан од 65 квадрати во центарот на Кочани

Се продава нов стан  на 4 – ти спрат со поршина од 65 квадратни метри и со тераси од 4 квадрати. Станот поседува сопствен паркинг простор за едно возило. Зградата се наоѓа во центарот на градот, на улицата „Димитар Влахов“ број 45. Станот е нова градба и до сега не е вселуван. Информации на телефон:

Матуранти од Гимназијата со економски паралелки од 1975/76 – Јубилејна 50 годишна прослава на 23 мај…

Генерацијата од Гимназијата со економски паралелки “дипломирана” 1975/76 во СОУ “Љупчо Сантов” од Кочани ќе  ја одбележи 50 – та годишнина од матурирањето. Прославата ќе се одржи на 23 мај во ресторанот “Детелина” со почеток во 13 часот. Што повеќе – тоа подобро, да го прославиме јубилејот од нашето матурирање…